Папата Фрањо: Христијаните треба да бидат во Црквата, а не на црковниот праг

„Црквата ја гради Исус“, која не гледа на гревот, туку на човечкото срце и настојува да го оздрави – рече папата Фрањо во проповедта на светата Литургија на 28 октомври во капелата на домот Света Марта, додавајќи дека христијаните треба да бидат во Црквата, а не на црковниот праг.

Исус пред две илјади години направи сè, кога избрал дванаесет столбови за на нив да ја изгради Црквата, чиј темел е Тој, аголен камен. Потоа вратата на Црквата ширум ја отвори за сите без разлика, бидејќи сака да ги љуби и оздравува срцата, а не да ги „мери“ гревовите – рече Папата коментирајќи ги литургиските читања. Папата посебно се осврна на текот на основањето на Црквата: Исус се повлекува во молитва, потоа доаѓа меѓу учениците, избира дванаесет, а истовремено  и лекува– рече Папата.

Исус моли, повикува, избира, ги праќа учениците, Исус оздравува. Во Црквата кој што е аголен камен, тоа го прави Исус и ја води Црквата напред. Како што вели апостол Павле, Црквата е создадена на темелите на апостолите. Исус избира дванаесетмина, а сите биле грешници. Јуда не бил најголем грешник, а не знам кој бил… Јуда бедник станува предавник, бидејќи не ја прифати Исусовата љубов. А сите во моментот на страдањата побегнале Го оставиле Исус. Сите биле грешници, а Он ги избира нив – рече Папата.

Исус сака да бидеме во Црквата, но не како гости или странци, туку со „правото на граѓанин“. Во Црквата не сме привремено, во неа сме вкоренети. Ние сме граѓани, сограѓани во Црквата. Ако не влеземе во овој храм – Црква и не бидеме дел од тоа здание како тогаш во нас ќе престојува Светиот Дух, тогаш не сме во Црквата. На прагот сме и се восхитуваме: „Која убавина… навистина е убаво…“ Ако христијаните не го поминат прагот, ако се сокриваат, остануваат на прагот, на вратата… „Католик сум, но не премногу, се нарекувам католик…“ – објасни Папата, додавајќи:

Имајќи ја во предвид неизмерната љубов и милосрдие кон секој човек, таквото однесување нема смисла, а тоа го потврдува и Исусовото однесување кон Петар, кој го стави на чело на Црквата. Иако апостолскиот првак се откажа од Исус, Исус му простува и го остава на Неговото место. За Исус не бил важен гревот на Петар: го барал неговото срце. Но, за да го најде и оздрави Исус молел. Исус моли и го оздравува секој од нас. Црквата не можеме да ја сфатиме без таквиот Исус кој моли и оздравува. Нека Светиот Дух ни помогне да ја сфатиме Црквата чија сила е во Исусовата молитва за нас, која е способна сите дас да нè оздравува – заврши Светиот Отец.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот