Папата Фрањо: Треба да се прекине осаменоста на лицата со аутизам и нивните семејства

Аутизмот е општествена „стигма“ од која многу семејства се осудени на осаменост и треба да се прекине. Овие зборови ги упати папата Фрањо до организациите и владите на 22 ноември, примајќи во салата Павле VI стотина лица од кои повеќето деца, погодени од ова пореметување.  Со оваа аудиенција заврши 29 меѓународна конференција за лица со пореметувања од аутистилен спектар, одржана во организација на Папскиот совет за душогрижништво во здравството.

Збирот на пречки кои ги трпат овие лица погодени од аутизмот се нарекуваат „спектар“. Но спектар е, исто така, и она што ги вознемирува стотината родители кои поднесуваат една бесконечна и невидлива мака. Спектар се и невидливите семејства кои го живеат аутизмот во солидарност, премногу осамени во грижата за сопствените деца, заробени во лавиринтот кој ја гаси светлоста во очите.

Треба сите да се завземеме во поттикнувањето за прифаќање, среќавање и солидарност и тоа со конкретна подршка и обновено поттикнување на надеж. На тој начин се придонесува за прекинувањето на осаменоста, но и во многу случаи, стигмата што ги потиснува лицата погодени од пореметувањата од аутистичен спектар, а често и нивните семејства, истакна Светиот Отец.

Аутизмот, кој Папата го нарече „крст“, и денес е патологија што често тешко се дијагностицира, но и тешко се прифаќа од семејствата без срам или повлекување во осаменост, , забележа Папата. Затоа, Папата ги повика на блискост посебно христијанските заедници. На оној кој се соочува со аутистичен спектар му е потребно придружба, но не анонимна и надворешна.

Во животот на луѓето погодени од ова пореметување, посака Папата, на терен да се создадат мрежи за подршка и услуги кои ќе бидат потполни и достапни и кои, освен родителите ќе ги вклучат и дедовците и бабите, пријателите, терапевтите, воспитувачите и пасторалните работници. Сите тие можат да им помогнат на семејствата во совладувањето на чувството на непримерност, неделотворност и фрустрација, кои можат понекогаш да се појават, истакна Папата.

На крајот, заблагодарувајќи им се на парохиските заедници и здруженија кои секојдневно се залагаат во помош на лицата погодени од аутизам, ја охрабри работата на научниците и истражувачите за да се пронајде што побргу терапија и помошни средства за лекување, а најмногу за спречување на појавата на таквото пореметување.

РВ/В.Н.

Категорија: Ватикан

За авторот