Папата Фрањо: Сожалувањe, пристапување, враќање

Папата Фрањо: Сожалувањe, пристапување, враќање

„Сожалувањe, пристапување, враќање“ – се клучните зборови кои папата Фрањо ги истакна на утринската света Литургија во домот Света Марта во вторник 19 септември 2017 година. Папата побара од Господ „милост“ за сожалување, за „бројните луѓе кои страдаат“, да им се приближиме и да ги изведеме „за рака“ до подрачјето на „достоинство“ кое Бог за нив го посакува.

Земајќи го во предвид денешното Евангелие според Лука, кој го донесува настанот за воскресението на синот на вдовицата од Наин, кое го направи Исус, Папата рече дека во Стариот Завет ‘посиромашни од робовите’ биле вдовиците, сираците и странците, туѓинците. Упати повик за нив да ‘грижиме’ како би можеле повторно да бидат „прифатени во општеството“.

Исус кој има способност да ги „согледа деталите“ бидејќи „гледа во срцата’, има сожалување. Сожалувањето или сочувството е чувство, кое човекот го вклучува, ангажира. Тоа е чувство на срцето, внатрешноста и вклучува ангажирање на целиот човек. Не е исто да се почувствува ‘болка’ поради нечие страдање или да се каже: „Јадни луѓе!“ Се вклучува сожалувањето, се ангажира; „со-страда“… Тоа е сожалување, објасни Папата.

Господ се ‘вклучува’ во ситуацијата на вдовицата и нејзиниот син… За него повеќе биле важни вдовицата и нејзиниот син, отколку оние со кој разговарал и кои го следеле. Зошто? Затоа што е ‘вплеткано’ и ангажирано целото Срце Исусово, неговата внатрешност. Господ со своето сожалување се ‘вклучи“ во овој случај. Имаше сожалување – рече Папата.

Поради тоа сожалувањето го турка човекот да „пристапи“ – истакна Папата. „Можете да видете многу работи, а да не им пристапите (…) Да се пристапи и да се допре реалноста.“ Да се чепне… Да не се гледа одалеку. Исус имал ‘сожалување’ е првиот збор, а ‘пристапи’ е вториот збор. Тогаш прави чуди, но откако ќе го направи чудото не продолжува да оди понатаму…. Не, туку го зема момчето и како што вели текстот: „Он го предаде на мајка му“: го даде, го ‘врати’ е третиот збор. Исус прави чудо како би го вратил, како би ги довел луѓето на нивното место. Истото тоа го направи и со откупувањето. Имал сочувство – Бог се сожали, дојде кај нас преку својот Син и го обнови, ни го врати достоинството да бидеме деца Божји. Сите нас повторно нѐ создаде – рече Светиот Отец.

Поттикот е да се ‘прави истото’: да се следи Христовиот пример, да се приближиме до оние во потреба – да не им помагаме од далечина, поради тоа што некои се валкани, не се бањаат и смрдат. „Често гледаме на Вести или на насловните на весниците, трагедија. Во една земја децата немаат што да јадат, во друга заработуваат преку деца војници, во трета пак жените се робинки итн… и велиме: „Каква несреќа„ јадни луѓе“… Го менуваме каналот и ете љубовна приказна, потоа следува серија итн., а тоа не е христијански – рече Папата.

Прашањето кое би го поставил сега, гледајќи ве вас тука, вклучувајќи се и самиот себе гласи: ‘Дали сум способен за сожалување, смилување, за молитва? Кога ги гледам овие работи, преку медиумите… дали се вознемирува мојата внатрешност? Дали моето срце страда со тие луѓе и дали чувствувам поради тоа болка, или пак велам: Јадни луѓе и одам понатаму…?

И ако не чувствуваш сочувство, побарај милост. „Господи, дај ми милост за сожалување“! Со застапничка молитва и нашето христијанско делување мораме да бидеме во состојба да помогнеме на луѓето кои патат, за да се „вратат во општеството“, „во семејниот живот“ на работното место, накратко во „секојдневниот живот“ – рече на крајот од проповедта папата Фрањо.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот