Во сабота, 23 септември 2023 година, папата Фрањо се сретна со францускиот претседател Емануел Макрон.
Во саботата, 23 септември, папата Фрањо двапати се сретна со претседателот на Француската Република, Емануел Макрон.
На првата средба, двајцата лидери се поздравија на предната тераса на палатата Фаро во Марсеј, каде што Папата учествуваше на последната сесија на „Rencontres Méditerranéeennes“ („Медитерански средби“).
Тие потоа се сретнаа билатерално во Салонот на честа ду Маир. Заедно со претседателот Макрон, кој го пречека Светиот Отец во јужниот пристанишен град кој е избран за дестинација на 44-то меѓународно апостолско патување на папата, беше и неговата сопруга Брижит.
Претседателот Макрон го следеше говорот на Светиот Отец на средбата, на крајот од кој Папата кажа анегдота за претседателот: „Еднаш претседателот ме покани да ја посетам Франција и посебно ми напомена дека е важно да дојдам во Марсеј“.
Според соопштението на Канцеларијата за печат на Светиот Престол, по официјалната фотографија имало билатерален разговор, претставување на семејството на претседателот и размена на подароци.
Во исто време, според соопштението за печатот, била одржана средба меѓу државниот секретар на Папата, кардинал Пиетро Паролин и француската премиерка Елизабет Борн. На состанокот присуствувале заменик државниот секретар Едгар Пења Пара, апостолски нунциј во Франција надбискупот Селестино Миглиоре; и советник на нунцијатурата.
На крајот од средбата со претседателот на Франција, Светиот Отец со автомобил се врати во надбискупијата каде што имаше ручек.
Ватикан њуз/к.мк