Твитер порака на Папата: Семејството е Божја икона

Твитер порака на Папата: Семејството е Божја икона

Овие денови во Ирска се одржува Светска средба на семејства и по тој повод папата Фрањо со своите следбеници на Твитер сподели кратки размислувања за важноста на семејството.

Во твитер пораката која ја објави на 24 август истакна: „Семејството е Божја икона: сојузот помеѓу мажот и жената раѓа живот и заедништво.“

Тоа размислувањето е врз основа на она што Светиот Отец го зборуваше на 2 април 2014 година за време на Генералната аудиенција во среда. Во таа прилика рече дека е „Божја слика брачниот пар: мажот и жената; не само мажот, не само жената, туку двајцата. Тоа е сликата за Бог: љубов, сојузот на Бог со нас е претставен во тој сојуз помеѓу мажот и жената. И тоа е многу убаво! Создадени сме за да љубиме, како одраз на Бог и на неговата љубов. И во брачната врска мажот и жената го остваруваат тој повик во знакот на взаемноста и заедништвото на животот во кој се одлучиле да останат заедно засекогаш,“ истакна тогаш папата Фрањо.

Кога еден маж и една жена ја слават светата Тајна Женидба – продолжи Папата – Бог кажи речи се „одразува“ во нив, ги втиснува во нив своите црти и неизбришлвиот белег на неговата љубов. Брачната заедница е слика на Божјата љубов кон нас. И Бог е заедништво: три личности, Отецот, Синот и Светиот Дух, живеат отсекогаш и засекогаш е во совршено единство. И тоа всушност е таинството на Женидбата: Бог прави од двајцата сопружници еден живот – рече Светиот Отец.

Папата Фрањо потоа објасни дека Библијата користи еден силен израз и вели: „едно тело“, толку е блиско единството помеѓу мажот и жената во бракот. И токму тоа е таинството на Женидбата: Божјата љубов која се одразува во брачниот пар кој се одлучува на заеднички живот. Заради тоа човекот ја остава својата куќа, својот родителски дом и оди да живее со својата сопруга и толку силно се поврзува со неа што тие двајца стануваат, вели Библијата едно тело – рече меѓу останатото Папата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот