Папата Фрањо се сретна со рускиот православен митрополит Иларион

Папата Фрањо се сретна со рускиот православен митрополит Иларион

Светиот Отец во среда, 22 декември 2021 година пред Генералната аудиенција се сретна со православниот митрополит Волоколамски Иларион Алфеев.

Во братски разговор тие разговараа за прашања од заеднички интерес за кои двете Цркви се посветени на барање конкретни човечки и духовни одговори, рече Матео Бруни, директор на Канцеларијата за печат на Светиот Престол.

Светиот Отец му се заблагодари на митрополитот Иларион за честитката по повод неговиот 85. роденден, која ја упати во име на патријархот Кирил. Папата Фрањо од своја страна ја изрази својата наклонетост и блискост кон Руската православна црква и нејзиниот патријарх, кој неодамна го прослави својот 75. роденден и со благодарност се потсети на братскиот разговор што го имале во Хавана во 2016 година.

По средбата Папата и Митрополитот разменија подароци. Митрополитот Иларион на папата Фрањо му подари икона на Пресвета Богородица, а Светиот Отец му подари мозаик на Богородица, со том Папски документи, копии од неговата порака за Светскиот ден на мирот 2022 година и Документ за човечко братство потпишан во Абу Даби.

Претходни средби

Папата Фрањо неколкупати се сретна со митрополитот Иларион за време на неговиот понтификат, почнувајќи од 20 март 2013 година, ден по неговото устоличување. Последната средба беше во октомври оваа година, по повод 35. Меѓународен мировен состанок организиран во Рим од страна на Заедницата на Свети Егидиј на тема „Народите, браќата, идната земја. Религиите и културите во дијалог“, на кој присуствуваше и православниот митрополит.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот