Папата: Логиката на техниката не смее да владее со нашиот живот

Папата: Логиката на техниката не смее да владее со нашиот живот

Вештачката интелигенција, роботиката и другите технолошки иновации мора да се користат на таков начин да придонесуваат за служење на човештвото

Технологијата мора да биде во служба и за доброто на човекот, како и дело за промовирање и одбрана на животот – истакна папата Фрањо обраќајќи се денеска на членовите на „Папската академија за живот“, по повод отворањето на овогодинешното генерално собрание на тема: „Робоетика. Луѓето, машините и здравјето“. Додека од една страна човештвото стекна научни и технички вештини за постигнување на праведно распространета благосостојба, од друга страна доживува зголемување на судирите и голем пораст на нееднаквост кои го поткопуваат единството на човечкото семејство и неговата иднина.

Укажувајќи на рамнотежата во која денес се наоѓаат машините, помеѓу решавање на проблеми кои до неодамна беа непремостливи и појави на поподмолни опасности од претходните, Папата повторно ја истакна личноста и потребата технократскиот состав да се оддалечи од самиот критериум на ефикасност. Важно е „можноста за работа“ да не го замагли оној „кој работи и за кого работи“. Исто така важно е да се доживее техниката како обележје на човечкото битие, производ на неговиот гениј, а не како сила која му е туѓа или непријателска.

Денешната еволуција на техничките способности создава опасна магија – рече Светиот Отец и продолжи: Наместо да даде алатки со кои се подобрува грижата за човечкиот живот, се става во опасност животот да се предаде на логиката на апаратите кои одлучуваат за неговата вредност. Тоа превртување ќе произведе лоши исходи. Машината не се ограничува самата да управува со себе, туку на крајот таа управува со човекот. Човечкиот разум така се сведува на отуѓена рационалност на ефектите која не може да се смета достојна за човекот.

Мораме да дадеме свој посебен допринос како верници во потрага за универзално поделени оперативни критериуми, како би биле заеднички точки на подршка за избор на оние кои имаат сериозна одговорност во носењето на одлуки на национално и меѓународно ниво – рече папата Фрањо и додаде: Тоа исто така значи вклучување во дијалог за човечките права, јасно нагласувајќи ги нивните должности.

Човечките права се подрачје на кое се гради универзалната етика – рече Папата и повтори: Човекот и неговото достоинство мора секогаш да бидат во средиште на секое делување и размислување. Вештачката интелигенција, роботиката и другите технолошки иновации мора да се користат на таков начин да придонесуваат за служење на човештвото и заштита на нашиот заеднички дом, а не спротивно, како што за жал предвидуваат некои процени.

Светиот Отец потоа предупреди на употребата на поимите кои можат да бидат погрешни како добро познатиот и надуен поим „вештачка интелигенција“, па на ризикот „технологизирање“ на човекот наместо „хуманизирање“ на техниката. Како би се одбегнале одредени застои, темелно е подобро да се разбере што во тој контекст значат: интелигенција, совест, емоционалност, афективна интенционалност и автономија на моралното делување.

Потребно е исто така да се бара конструктивна и праведна интеракција помеѓу човечките суштества и машините како би можеле тие последните на секоја личност и целото човештво да ги зрачат своите добра – рече папата Фрањо и напомена: Втора опасност која треба да се препознае се однесува на технолошкото злоупотребување и манипулација на генетските структури и целебрални функции. Научниците и експертите треба да одат по патот на Вториот ватикански собор, кој повика на обнова на теолошките дисциплини и критичко размислување на односот помеѓу христијанската вера и моралното делување.

Нашата посветеност, интелектуална и специјалистичка, мора да биде чесна точка на нашето учество во етичкиот сојуз за човечкиот живот. Во контекст во кој сè пософистицираните технолошки направи директно вклучуваат човечки особини на тело и психа, итно е потребно со сите луѓе кои се занимаваат со научни истражувања и грижа да се работи на заеднички проект – заклучи Папата.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот