Папата Фрањо се сретна со бегалци од народот „Рохинџа“

Папата Фрањо се сретна со бегалци од народот „Рохинџа“

Господ го создал човекот на свој образ и подобие. Вашата трагедија е многу голема – рече папата Фрањо на крајот од меѓурелигиската средба за мир која се одржа на 1 декември 2017 година во Дака, во Бангладеш, обраќајќи се на група беглаци од народот Рохинџа кои побегнале од Мјанмар.

И после тоа им рече: „Во име на сите оние кои ве прогонуваат, кои направиле зло, посебно заради рамнодушноста на светот, ве молам за прошка“, рече Папата. – Сите сме таа слика, исто така и овие браќа и сестри и тие се слика на живиот Бог. Традицијата на вашите религии вели дека Бог на почетокот земал малку сол и ја фрли во водата која била душата на сите луѓе, можеме да кажеме дека секој од нас во себе носи малку божествена сол, а овие браќа и сестри навистина внесуваат божествена сол.

Многумина од вас – рече Папата – имаат најдено засолниште во Бангладеш. Затоа апелирам: Да продолжиме да се грижиме за нив, да им помагаме, да се заземаме за да им се признаат нивните права. Да не ги затвораме срцата, да не го оттргнуваме погледот. Божјото присуство денес, се вика исто така „Рохинџа“. Секој од нас – заврши Светиот Отец – треба да го даде својот одговор.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот