Програма за Апостолското патување во Ирак

Програма за Апостолското патување во Ирак

Ви го претставуваме распоредот за Апостолското патување на Светиот Отец Фрањо во Ирак од 5 до8 март 2021 година.

Податоците за времето што одговараат во Македонија се дадени со потемни букви, локалното време е дадено во загради. Ирак е во временска зона два часа пред Рим, како и Македонија.

Петок, 5 март 2021 година

РИМ – БАГДАД

07:30 – Поаѓање од меѓународниот аеродром Фјумичино – Рим

12:00 – (14:00 часот) Пристигнување на меѓународниот аеродром во Багдад, официјален пречек

12:10(14:10) Средба со премиерот во ВИП салонот на аеродромот

13:00(15:00 часот) Церемонија на пречек во Претседателската палата во Багдад

13:15 (15:15 часот) Куртоазна посета на Претседателот на Републиката во приватна канцеларија во Претседателската палата

13:45 (15:45) Средба со владини и граѓански претставници и дипломатскиот кор во салата на Претседателската палата –говор на Светиот Отец

14:40 (16:40) Средба со епископите, свештениците, монасите, монахињите семинарисите и катехистите во Сириската католичка катедрала „Пресвета Богородица“ во Багдад –говор на Светиот Отец

Сабота, 6 март 2021 година

БАГДАД – НАЏАФ – УР – БАГДАД

05:45 (07:45 часот) Поаѓање со авион до Наџаф

06:30 (08:30) Пристигнување на аеродромот Наџаф

07:00 (09:00 часот) Куртоазна посета на големиот ајатолах Сајд Али Ал-Хусајни ал-Систани во Наџаф

08:00 (10:00 часот) Поаѓање со авион до градот Насирија

08:50 (10:50) Пристигнување на аеродромот Насирија

09:10 (11:10) Меѓурелигиска средба на рамнината Ур –говор на Светиот Отец

10:30 (12:30 часот) Поаѓање со авион до Багдад

11:20 (13:20) Пристигнување на меѓународниот аеродром во Багдад

16:00 (18:00 часот) Света Литургија во халдејската катедрала Свети Јосиф во Багдад –проповед на Светиот Отец

Недела, 7 март 2021 година

БАГДАД – ЕРБИЛ – МОСУЛ – КАРАКОШ – ЕРБИЛ – БАГДАД

05:15 (07:15) Поаѓање со авион до Ербил

06:20 (08:20 часот) Пристигнување на аеродромот во Ербил, пречек од претседателот на автономниот регион на ирачки Курдистан и верски и граѓански претставници на регионот

06:30 (08:30) Средба со претседателот и премиерот на автономната заедница во претседателскиот ВИП салон на аеродромот во Ербил

07:00 (09:00 часот) Поаѓање со хеликоптер кон Мосул

07:35 (09:35) Пристигнување на аеродромот во Мосул

08:00 (10:00 часот) Молитва за жртвите од војната на плоштадот Храмот Хош ал-Биеа во Мосул – молитва на Светиот Отец

08:55 (10:55) Поаѓање со хеликоптер до Каракош

09:10 (11:10) Пристигнување во областа за слетување во Каракос

09:30 (11:30 часот) Посета на заедницата на Каракос во црквата Безгрешно Зачнување во Каракос – говор на Светиот Отец – Ангел Господов

10:15 (12:15) Заминување за Ербил

14:00 (16:00 часот) Света Литургија на стадионот Франс Харири во Ербил –проповед на Светиот Отец

16:10 (18:10) Поаѓање со авион за Багдад

17:15 (19:15 часот) Пристигнување на меѓународниот аеродром во Багдад

Понеделник, 8 март 2021 година

БАГДАД – РИМ

07:20 (09:20) Церемонија на испраќање на аеродромот во Багдад

07:40 (09:40) Поаѓање за Рим

12:55 Пристигнување на аеродромот Рим-Чампино

Распоредот е ажуриран според податоците на Прес центарот на Светиот Престол од 2 март 2021 година

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот