Папата Фрањо: Да не го ставаме Бог настрана

Папата Фрањо: Да не го ставаме Бог настрана

Папата Фрањо на светата Литургија во домот Света Марта истакна две однесувања на млаките христијани кои се покажуваат во однесувањето на  свештеничките поглавари кон Исус во храмот „стави го Бог на страна и измиј ги рацете.“ Тоа се опасни однесувања, да помислиме што би се случило кога Господ нас би нѐ ставил на страна – предупреди Папата

„Стави го Бог во ќош и измиј ги рацете“, се двете однесувања на млаките христијани – рече папата Фрањо на светата Литургија во домот Света Марта, во понеделник 16 декември 2019 година, и истакна, тие се опасни однесувања со кои го предизвикуваме Бог. Кога Бог нас би нѐ исклучил, никогаш нема да влеземе во рајот. Исус ги поттикнувал луѓето, ги лекувал, ги поучувал и правел чуда, и така предизвикувал нервоза кај свештеничките поглавари, посебно затоа што со благост и посветеност на народ, сите ги привлекувал кај себе. Меѓутоа народот службениците ги почитувал, но не ги држел за блиски затоа што немал доверба во нив.

Затоа поглаварите свештенички се сложиле да го исклучат Исус, прашувајќи го: „Со каква власт го вршиш тоа и кој Ти ја дал таа власт?“– рече Папата и објасни: Имено, сметаат дека не е свештеник, ниту книжник и бидејќи не учел во нивните училишта, не е ништо. Исус со друго прашње паметно им одговорил и исто така ги исклучил поглаварите свештенички, прашувајќи ги дали Иван Крстител крштевал со власт која му е дадена од небото односно од Бог или од луѓето?

Евангелистот Матеј го опишал нивното размислување. „Ако кажеме: ,Од небото, ќе ни рече: Па зошто не му поверувавте? А ако речеме: Од луѓето, се боиме од народот, оти сите го сметаа за пророк.“ Затоа му одговориле на Исус: Не знаеме. Тоа е однесување на делумни и лажливи верници – рече Светиот Отец и истакна: Не ги измил Пилат само рацете, и тие си ги измиле, велејќи: Не знаеме; не влегувајќи во животот на луѓето, не вклучувајќи се во нивните проблеми, не борејќи се за доброто и за оздравувањето на луѓето во потреба.

Нивниот став бил: Подобро не, да не се извалкаме – рече папата Фрањо и продолжи: Затоа Исус им одговорил на истиот начин: Ниту јас нема да ви кажам со каква власт го вршам ова. Тие се двете однесувања на млаките и недоследни христијани. Едното однесување е кога Бог го ставаме на страна и велиме: Или ние ќе го направиме тоа или повеќе нема да одам во црква. Исус ни одговара: Оди и прави како сакаш! Другото однесување на млаките христијани е кога учениците од Емаус си ги „миеле рацете.“ На воскресното утро учениците ги виделе жените, биле радосни, затоа што го виделе Господ, но немале доверба, затоа што жените, си мислеле, се полни со имагинација и си ги „миеле рацете“. Така влегле во „братството на Пилат.“

Многу христијани „си ги мијат рацете“ пред предизвиците на културата, животот и луѓето на нашето време; па и пред оние најмалите – рече Папата и истакна: Колку пати слушаме скржав христијанин кога ќе сретне човек кој бара милостиња, вели: нема да ти дадам ништо затоа што потоа се опива. Некој додал: Но, нема ништо за јадење. Тој истрајува: Негов проблем, не сакам да се опива. Често тоа го слушаме.

Бог да го ставиме на страна и да ги „измиеме рацете“ се две опасни однесувања затоа што тоа е како да го предизвикуваме Бог. Да замислиме што би се случило кога Господ нас би нѐ исклучил. Никогаш нема да влеземе во рајот. Што би се случило кога Господ би ги „измил рацете“ во однос на нас. Колку сме бедни! Тоа се две лицемерни однесувања на образаованите луѓе. Велат дека не сакат да се мешаат и ги стават луѓето на страна затоа што се валкани; „ги мијат рацете“, затоа што не се нивна работа. Ако во нас има однесување од таков вид, да се одлободиме од тоа и да му дадеме место на Господ кој доаѓа – заврши Светиот Отец.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот