Папата Фрањо преку видео порака им се обрати на учесниците на Конгресот на Националниот католички совет за пасторална грижа на хиспано-католиците во САД. Христијаните треба да градат мостови и да ги надминат воените шеми што преовладуваат во светот.
„Апсурдното време“, од кое сè уште не сме излегле од пандемијата што го погоди целото човештво и предизвика големи страдања, сега пак се наоѓаме среде страдањата и трагедијата на војната – рече папата Фрањо, опишувајќи го моментот во кој живееме, на почетокот на видео пораката упатена на хиспано-католиците во САД, кои се собраа во Вашингтон на VI. Национален конгрес со наслов Корени и крилја. Секоја војна се раѓа поради неправда, секоја војна, вклучувајќи ги и оние што понекогаш се водат во нашите семејства и заедници; оние во кои се војува или кои се водат тивко, а произлегуваат од неправдата – истакна Папата.
Христијаните – градители на мирот
Осврнувајќи се на темата на конгресот, која гласи „Пророчки гласови – бидете подготвени за нова ера“, Папата истакна дека тоа потврдува дека христијаните треба да даваат пример со конкретни знаци на мир. Затоа, тој охрабри да размислуваме за тоа дека треба да бидеме христијани кои ги менуваат структурите и можат да градат мостови во сите сектори на општеството, осветлувајќи ја мислата, која ќе доведе до акција, со која ќе може да се постигне мир и единство на сите нивоа, почнувајќи од нашите семејства и заедници.
Братството им припаѓа на сите
На светот му треба мир, здраво е да се дише мир – рече Папата и додаде дека е тажно да се види дека човештвото не е способно да размислува со мировни шеми и планови. Сите мислиме на воени шеми, во еден вид „егзистенцијален каинизам“. Братството припаѓа на сите и не може да се конкретизира со овие шеми кои ги менуваат животите на семејствата, заедниците, народи, нации и светот – рече папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк