Папата Фрањо пристигна во Шри Ланка
Папата Фрањо во утринските часови во вторник 13 јанаури 2015 година пристигна во Коломбо, најголемиот град во Шри Ланка. Островската држава е првата дестинација од неговото седмо меѓунардно патување.
На почетокот од неговата посета на оваа држава Папата повика на помирување меѓу поранешните завојувани страни. „Горкото наследство на неправда, непријателство и недоверба”, кои го остави конфликтот, мора да се надмине, изјави Папата по неговото пристигнување на аеродромот во Коломбо при пречекот од страна на претседателот на Шри Ланка Маитрипала Сирисена. На церемонијата за дочек на Папата, покрај претставниците на Католичката црква во оваа држава присуствуваа и претставници на најзастепените религии во Шри Ланка.
Постојана трагедија на нашиот свет и што многу заедници во војната се едни против други. Неможноста за помирување доведува до етнички и верски напнатости, пропратени со експолозија на насилства, истакна Папата во својот говор. Не е едноставна задачата да се надмине горкото наследство од војниот судир. Тоа може единствено да се постигне ако злото се победува со добро, негувајќи крепости кои промовираат помирување, мир и солидарност и чезнеејќи кон вистината. Основно е сите членови од општеството да работат заедно, сите да имаат право на глас, прифаќајки се едни со други и да учат да живеат како едно семејство. Различноста не треба да се гледа како закана, туку како извор за богатење, истакна Светиот Отец
Убеден сум дека следбениците на различните верски традиции имаат важна улога во чувствителниот процес на помирување и обнова, која во оваа земја е во тек. Од основна важност е промовирањето на човечкото достоинство, грижата за материјалната потреба на сите, како и грижата за подобрување на инфраструктурата. Папата Фрањо исто така изрази наде дека овие денови во Шри Ланка ќе бидат во знак на пријателство, дијалог и солидарност.
Претседателот Сирисена за претседател е избран во четвртокот, а со својата работа започна во понеделник. Тој во своето прво обраќање ја нагласи толеранцијата и мирниот соживот меѓу различните групи во општеството и мултиетничката и мултирелигиската земја. Тој исто така повика на поблиска соработка меѓу Шри Ланка и Ватикан. Посетата треба да послужи за мир и развој на земјата.
Светиот Отец во четврток ќе ја посети северна Шри Ланка, регион кој е познат по граќанската војна помеѓу тамилското малцинство и синхалската централна влада. Тој ќе се моли за мир и ќе се сретне со тамилски и синхалски семејства кои биле жртви на судирите.
Кат нет/РВ/го*ко