Папата Фрањо: Предизвик е да се отвори Црквата за посланието

Папата Фрањо: Предизвик е да се отвори Црквата за посланието

Папата Фрањо на 11 март 2023 година во Ватикан се сретна со членовите на Шпанската бискупска конференција за мисии и соработка со Црквите и членови на Управниот одбор на невладината организација „Misión América“. Папата ги упати на сликата кога Исус ја испраќа својата Црква во светот: тоа нека биде поттик „да им се даде видливост на раните кои се уште се опипливи во неговото таинствено тело“.

Четири збора го дефинираат патот на Misión América, невладина организација посветена на сеопфатна промоција на луѓето во нивните социјални, културни и религиозни димензии, во земјите од Латинска Америка и Африка. Тоа се видливост, почит, волонтирање и соработка. Папата Фрањо ги потенцира овие зборови во разговорот со Управниот одбор на невладина организација која слави 30. години од основањето и со членовите на Шпанската бискупска конференција за мисии и соработка со Црквите.

Денешниот предизвик, рече Папата во својот говор на шпански, е да се отвори Црквата за посланието.

Видливост

Светиот Отец нагласи дека Исус бил испратен од Отецот: Тој нè праќа сега нас, давајќи видливост на реалноста на болката, гревот, смртта, не за да судиме некого, туку длабоко да го исцелиме човештвото. Слично на тоа, при организирањето кампањи за подигање на свеста за реалноста на Латинска Америка, хоризонтот не може да биде поинаков освен да се покаже на подадената рака на Христос, кој ни го нуди најдоброто засолниште во своите рани.

Почит

Друг збор што го истакна папата Фрањо е почит: Почит кон другиот, неговото време, неговиот простор. Исус ги почитува луѓето и вистинската еднаквост, вистинската правда – вели Папата – рече не за наметнување на единствен пат за сите. Треба да се биде способен да придружува, во слобода и потреба, за да може секој да одговори на Божјиот повик .

Волонтирање

Волонтерството е уште една препознатлива карактеристика на организацијата Misión América: тоа не е ништо друго, туку поддржување на оние кои одат по светот со молитва, работа и солидарност – објасни Римскиот бискуп. Волонтирањето, додаде Папата, е една од најубавите работи што ги има општеството.

Соработка

Четвртиот збор што го спомна папата Фрањо е соработка. Мирот што Бог го воспоставува со човекот и меѓу луѓето станува секојдневие во секојдневното одење, во потрагата по доброто, во ширењето на љубовта и хармонијата; создавање нова реалност, градење мостови, уништувајќи ги стравовите и незадоволствата.

Направете ги видливи Исусовите рани

На крајот, папата Фрањо на зборовите видливост, почит, волонтерство и соработка ја додава сликата на Исус како ја испраќа својата Црква во послание. Нека биде поттик, посочи Папата, да им дадеме видливост на раните кои сѐ уште се опипливи во неговото таинствено тело; бара од нас да го почитуваме секој човек и неговото право да може да го препознае патот што му го дава Бог; да работиме и да ја поддржуваме работата на сите оние кои се испратени да соработуваат, со сите луѓе со добра волја, за слава Божја.

Како заклучок, гледајќи на годишнината од основањето на организацијата Misión América, Папата потврди дека малите нешта траат најдолго, додека големите понекогаш не. Никогаш не губете го доброто расположение, рече на крајот папата Фрањо.

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот