Папата именува нови службеници во Црковниот суд на државата Ватикан

Папата именува нови службеници во Црковниот суд на државата Ватикан

Папата Фрањо го именува монсињор Алесандро Реки за бранител на односите, а отец Ернесто Бонавентура Огбонија Оконкво, професор по канонско право на Урбанијана за промотор на правдата во Црковниот суд на државата Ватикан.

Папата Фрањо го именува монсињор Алесандро Реки, генерален викар на бискупијата Сора-Касино-Акино-Понтекорво (провинција Лацио, Италија), за бранител на односите во Црковниот суд на државата Ватикан.

Светиот Отец го именува и отец Ернест Бонавентура Огбонија Оконкво, професор по канонско право на Папскиот универзитет Урбанијана во Рим, за промотор на правдата во споменатиот Црковен суд.

Именувањата беа објавени од Канцеларијата за печат на Светиот Престол во вторник, 2 мај 2023 година.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот