Потребата за заштита на водата како добро за сите луѓе, вреднувајќи го исто така нејзиното културно и верско значање, истакна папата Фрањо на Светскиот ден на водата, после Генералната аудиенција на 22 март 2017 година.
После катехезата на Генералната аудиенција на 22 март 2017 година, папата Фрањо зборуваше за потребата за заштита на водата како добро за сите луѓе, вреднувајќи го исто така нејзиното културно и верско значење и притоа ги поздрави учесниците на меѓународниот собир во организација на Папскиот совет за култура по повод Светскиот ден на водата. Собирот одржан во Патристичкиот институт Аугустинијанум, со учество на кардиналите Раваси и Турксон, и надбискупот Галагехра, и предавачи од целиот свет.
На посебен начин ве охрабрувам за вашето заземање на воспитното подрачје, со предлози наменети за децата и младите. Ви благодариме за сѐ што работите; нека Бог ве благослови! – рече Папата на учесниците на собирот и на сите во целиот свет кои се посветуваат на вреднувањето на водата како општо добро, право на сите жители на нашата планета. Меѓутоа колку правото не се почитува се гледа од фактот дека и денес 663 милиони луѓе немаат во домот питка вода, а речиси 2,5 милијарди луѓе немаат пристап до соодветни хигиенско-санитарни простории, заради што секој година умираат повеќе од 300 000 деца на возраст до пет години.
Токму заради тоа Организацијата на обединетите нации 25-тиот Светски ден на водата го посвети на отпадните води, односно загадените води од домакинството, индустриските и земјоделските активности. Таа вода треба да се прочисти и повторно да се употреби во согласност со одржлива цел која во 2015 година ги одреди Обединетите нации.
Доволно е да се напомене дека во земјите на Европската унија се обработува и прочистува повеќе од 40 милијарди кубни метри отпадни води, од кои меѓутоа повторно се користи само 964 милиони кубни метри. Останатите 39 милијарди кубни метри прочистени води завршуваат во реките и морињата и човекот повторно не ги искористува. Станува збор за тоа дека, како што се случува и со отпадот, се надминува безумната култура на фрлање, во крепосна култура на рециклирање, вреднувајќи ги така економските и отпадните води.
Самиот папа Фрањо на 24 февруари, изрази загриженост за големата светска војна заради водата, но истовремено истакна дека сѐ уште не е доцна, но е итно потребно да станеме свесни за потребата од вода и нејзината важност за доброто на човечкиот род.
РВ/к.мк