Светскиот ден на лицата со посебни потреби се одбележува на 3 декември, а пораката на Папата по повод тој ден е претставена во Канцеларијата за печат на Светиот Престол на 25 ноември со наслов „Вие сте Ми пријатели“ (Иван 15,14).
Папата во пораката истакнува дека сака директно да се обраќа на секој кој има посебни потреби, за да им порача дека Црквата ги сака и дека се потребни за исполнување на нејзиното послание во служба на Евангелието. Во писмото Папата нагласува неколку пораки: „Исус е Ваш пријател“; „Црквата е Ваш дом“; „Во тешките времиња“ и „Евангелието е за секој.“
Исус, наш пријател
Исус на Последната вечера на апостолите им вели дека е наш пријател, истакнува во пораката Папата. Неговите зборови ни зборуваат и на нас и го расветлуваат таинството на блискиот однос со него како припадници на неговата Црква. Ние христијаните сме примиле дар: пристап до Исусовото срце и пријателство со Него. Тоа е привилегија и благослов, тоа станува наш повик: повикани сме да бидеме Исусови пријатели, нагласува Светиот Отец во пораката.
Пријателството со Исус е голема утеха. Може секој од нас да го претвори во благодарен и радосен ученик, способен да покаже дека нашата кревкост не е пречка за живеење и сведочење на Евангелието. Уште повеќе, пишува Папата, личното пријателство, полно со доверба со Исус може да биде духовниот клуч за прифаќање на ограничувањата кои секој од нас ги има и да бидеме во мир со нив.
Црквата е ваш дом
Како што објаснува во пораката Папата, со крштението секој од нас станал полноправен член на црковната заедница и порачува: Црквата навистина е ваш дом! Сите ние сме Црква затоа што Исус одлучил да биде наш пријател. Синодалниот од во кој се наоѓаме е прилика за да научиме дека Црквата не е заедница на луѓе кои се совршени, туку заедница на ученици на пат кои Го следат Господ затоа што знаат дека се грешници и им треба Неговата прошка. Секој од нас има улога, никој не е „вишок“, додава Папата и ги потсетува верниците дека и тие се повикани да го дадат својот придонес на синодалниот пат.
Светиот Отец се осврнува и на тешката реалност на многу луѓе со посебни потреби, забележувајќи дека и понатаму многу е застапена дискриминацијата на разни општествени нивоа. Конкретно, постојаната тенденција на посебните потреби да се гледа како на вид на болест, што е резултат на интеракцијата на општествените пречки и личните ограничувања на секој од нас, придонесува за одвојување и стигматизација.
Што се однесува до животот на Црквата, најлош облик на дискриминација е недостатокот на духовна грижа, пишува Папата. Тоа понекогаш се изразувало со негирањето на пристапот до светите Тајни. Црковното учење е многу јасно околу тоа прашање, нагласува Папата, наведувајќи дека неодамна во Директориумот за катехеза изрично е наведено дека никој не може да го скрати пристапот до светите Тајни на лицата со посебни потреби.
Кога сме соочени со таква дикриминација, порачува Папата токму нашето пријателство со Исус, кое секој од нас го примил како незаслужен дар е тоа што нѐ откупува и ни помага да гледаме на разликите како богатството. Бидејќи Исус не ги нарекувал слуги мажите и жените со мало достоинство, туку пријатели, повереници вредни за спознание на сѐ што примил од Отецот (Иван 15,15)
Во тешките времиња
Исусовото пријателство нѐ штити во тешките времиња, продолжува Папата. Свесен сум дека пандемијата со болеста Ковид-19 и понатаму има сериозни последици во вашите животи, пишува Светиот Отец, наведувајќи ги примерите на многу студенти со посебни потреби кои се соочуваат со тешкотиите во пристапот до помош за учење на далечина, долготрајниот прекин на улогата за грижа во многу земји како и болката на разделеност од саканите лица за оние кои се сместени во помошни објекти. Знајте дека Папата и Црквата посебно ви се блиску, истакнува Светиот Отец.
Евангелието е за секој
Нашиот повик произлегува од нашето пријателство со Господ, потсетува папата Фрањо. Тој нас нѐ избрал да донесуваме многу род, род кој ќе остане (Иван 15,16). Како вистинска лоза сака секоја гранка поврзана со Него да донесува род.
Евангелието е и за тебе! Тоа е порака упатена до секој, збор на утеха е која истовремено поттикнува на преобраќање, пишува Папата, напоменувајќи дека Евангелието сведочи кога лицата со посебни потреби се сретнувале со Исус, нивните животи длабоко се променувале и станувале Негови сведоци.
Светиот Отец посебно ги повика на молитва лицата со посебни потреби. Господ внимателно ги слуша молитвите на оние кои имаат во Него доверба. Молитвата е послание, послание достапно до секој, а би сакал тоа послание на посебен начин да го довери на вас, нагласи папата Фрањо. Не постои личност толку кревка која не би можела да моли, да Го слави Господ и да даде слава на Неговото Свето Име и да се застапува за спасение на светот. Во знак на Семоќниот, откриваме дека сите сме еднакви.
Драги браќа и сестри, пишува Папата на крајот од порката денес вашите молитви се попотребни од било кога повеќе. Времето на пандемија јасно ни покажа дека сите сме кревки и ранливи. Откривме дека се наоѓаме во ист кораб, кревки и загубени, но истовремено важни и потребни; сите сме повикани заедно да весламе. Прво тоа ќе го направиме со молитва, тоа е нешто што сите можеме да го направиме, нагласува папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк