Папата Фрањо: Не можеме да замислиме Црква без радост во навестувањето
Црквата секогаш треба да биде радосна како Христос – главната порака на папата Фрањо на светата Литургија на 03 декември во капелата на домот Света Марта. Папата нагласи дека Црквата е повикана да биде носителка на Божјата радост на своите деца – радост која пружи вистински мир.
Мир и радост се темите околу кои папата Фрањо размислуваше во својата проповед. Во читањето од Книгата на пророк Исаија, укажа на желбата за мир кои сите ја поседуваме. Станува збор за мир кој ни го донесува Месијата, говори Исаија. Во Евангелието, од друга страна, имаме можност да ѕирнеме во Исусовата душа, Исусовото срце кое е радосно.
Обично го замислуваме Исус како проповеда, оздравува, патува, како и за време на Последната вечера… Но, не сме научени на Исус кој се смее и кој е радосен. Исус бил полн со радост во заедништво со Отецот – „Се радувам во Светиот Дух и го славам Бог“. Всушност во тоа е Исусовата вечна тајна, во таа поврзаност со Отецот и Светиот Дух. Тоа е Неговата вечна радост, внатрешна радост која и ни ја дава и на нас.
А таа радост е вистински мир, не смирени, стишени, туку радосен христијански мир, бидејќи нашиот Господ е радосен. А, радосен е кога говори за Отецот, толку го сака што не може за Него да раскажува, а да не е исполнет со радост. Нашиот Бог е радосен, а Исус одреди и Неговата свршеница, Црквата, треба да биде радосна.
Не можеме да замислиме Црква без радост, а радоста на Црквата всушност лежи во нас, во навестување на Исусовото име. Кажи „Он е Господ“. Мојот свршеник е Господ. Он е Бог. Он нѐ спасува и оди со нас. Во тоа е радоста на Црквата, која во таа радост како свршеница станува и мајка.
Папата Фрањо потсети на зборовите на Павле VI кој има кажано дека радоста на Црквата е во навестувањето и истакнувањето на својот Свршеник, како и во навестувањето радост на своите деца која подигнува.
Потоа укажа дека Исаија говори за мир кој е допирлив, за мирот на радоста и мирот на молитвата. Тоа е мир кој произлегува од радоста на славењето на Светата Троица и навестувањето на Исус.
„Дури и во многу тешки околности, Исус е радосен, Црквата е радосна. Таа мора да биде радосна. Дури и во своето вдовство – бидејќи Црквата е како вдовица која го чека враќањето на својот свршеник – дури и во своето вдовство, Црквата е радосна во надежта. Господ на сите и ја дава таа радост, Исусовата радост на славење на Бога Отецот во Светиот Дух. Радоста на мајката Црква е во навестувањето на својот Свршеник.
РВ/Д.И.