Папата Фрањо најверојатно ќе ја посети Аргентина во 2024 година

Папата Фрањо најверојатно ќе ја посети Аргентина во 2024 година

Папата Фрањо изјави дека сака да ја посети својата родна земја Аргентина во 2024 година.

„Сакам да одам во земјата следната година“, наводно му рекол Папата на аргентинскиот новинар Жоакин Моралес Сола за време на неодамнешната приватна аудиенција во Ватикан.

Од неговиот избор за Папа во 2013 година, папата Фрањо никогаш не се вратил во својата родна земја Аргентина.

Во едно интервју од месец март за La Nacion, тој објаснува дека патувањето во Аргентина било планирано во 2017 година, но морало да биде откажано поради изборите. Папата не патува во земја во изборна година за да избегне да изгледа непристрасен.

„Со други зборови, нема противење за да се оди; тоа беше планирано“, рече Папата.

„Подоцна, она што се случи е што работите се искомплицираа на поинаков начин; имаше две години пандемија, а потоа и патувања кои мораа да се реализираат, дури и на места каде што некој вели „за што беше таму“, но мораше да појде“, додава Светиот Отец. „Значи, Аргентина сè уште чека. Сакам да одам, се надевам дека ќе одам“.

Разговорот со Моралес Сола, објавен во неделата, е првпат Папата да даде можен датум за патување во Аргентина.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот