Папата Фрањо: Не е возможно да се најде Исус надвор од Црквата

Ватикан, 12.7.2013 /к.мк/ – Во Црквата на 11 јуни се слави заштитникот на Европа, свети Бенедикт. Во Литургијата за празникот се чита Евангелието во кое Петар го прашува Исус: ние оставиме се и по Тебе одиме: што ќе стане, пак, со нас?”. Во врска со ова Папата истакна:

Ова прашање на Петар не спаѓа во минатото. Секоја генерација во Црквата го поставува тоа исто прашање до Исус за да остане со него, но не површно, туку целосно, но и добива одговор дека за возврат се добива неизмерно, изразено преку зборовите: ќе наследи стопати повеќе и ќе добие живот вечен. Но папата Фрањо истакна дека проблемот доаѓа кога започнуваат пресметките, наместо да се употреби единствената банкнота, а тоа е великодушноста, широко срце, како Исус, кој на тој начин привлекува.

Да се оди по Исус бидејќи припаѓам на таа и таа култура, бидејќи сум христијанин, без некакви посебни барања од самиот себе, туку многу повеќе во барање власт, углед, кариера. Колку е тоа чудно, да се прави кариера и да се сокрива зад Исус, констатира Папата и веднаш упати на тоа дека секој од нас преку крштението го добива својот идентитет во заедницата на верници, во Црквата, која е мајка. Поради тоа не е возможно да се најде Исус надвор од Црквата.

Да се биде член на Црквата значи да се живее свесно дека таа моја припадност е платена со крвта Исусова, а сепак во нас, слабите луѓе се појавуваат двоумења, пресметки, тешкотија да се донесе дефинитивна одлука, дали тоа се работи за свештенство, монаштво или пак за брак. Колкумина остануваат на половина пат, можеби токму поради тоа што сме концентрирани на самите себе, и не мислат на доброто кое од потполно дарување за другиот може да се оствари, како во целибат, така и во бракот.

Оптеретени со привременото, многу сакаат да бидат само кратко време, да кажеме десет години свештеници или пак толку години во брак, а потоа ќе видиме, рече папата Фрањо и продолжи: Сепак, колку и да ни изгледа заводливо, привременоста по својата природа е лажлива, додека Исус ни нуди пример за одлучност кога оди во Ерусалим таму да го даде својот живот за нас, а учениците го следат, како и свети Бенедикт, кој својата работа и молитва ги посвети на облагородувања  на сопствениот живот за да после биде ревен за браќата и сестрите, за Црквата, целата Црква, за оние најслабите, каде браќата и сестрите живеат во различни неволји. Треба да се ослободиме од салонското христијанство, рече Светиот Отец, на празникот свети Бенедикт. (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<