Папата Фрањо: Нежноста на Божјата љубов

Ватикан, 8.6.2013 /к.мк/ – Да дозволиме Господ  да нè љуби со нежност е тешко, но тоа е она што треба да го бараме од Бог. Ова беше повикот упатен од папата Фрањо за време на проповедта на светата Литургија во домот Света Марта во Ватикан, во петок 7 јуни на празникот Пресветото Срце Исусово. На богослужбата присуствуваше персоналот од ватиканскиот државен архив. Заедно со Папата сослужуваа архивистот од Светата Римска Црква, монсињор Жан-Луи Брјогес и префектот, монсињор Серџо Пагано.

Исус нѐ засака многу, не со зборови, туку со дела и со својот живот. Тоа го рече Папата во проповедта на празникот „Пресвето Срце Исусово“, кој го опиша како „празник на љубовта“, на „срцето кое сака силно“ (Лк 15, 3-7). Една љубов, за која, повторуваше Свети Игнациј, „се изразува повеќе во делата отколку во зборовите „и која е повеќе“ дарување отколку добивање“. „Овие два критериума – рече Папата – се одлика на вистинската љубов“. Исус е Добриот Пастир кој преку сè ја претставува Божјата љубов. Тој ги познава една по една своите овци“, затоа – додаде папата Фрањо – љубовта не е апстрактна, туку е дел од секого“:

„Еден Бог, кој е близу до нас од љубов, оди со своето стадо на патот и доаѓа до една незамислива точка. Незамисливо е дека истиот Господ станува еден од нас и оди со нас, останува со нас, останува во својата Црква, останува во Евхаристијата, останува во своето Слово, останува во сиромашните, останува одејќи со нас. Тоа е близината: пастирот блиску до своето стадо, во близина на своите овци, кои ги познава една по една“.

Папата Фрањо се задржа на извадокот од книгата на пророк Езекил и истакна друг аспект од љубовта на Бог: грижата за изгубената овца и за онаа која е повредена и болна:

„Нежност! Господ нè љуби нежно. Господ ја познава таа убава наука на милување, оваа нежност на Бог. Не нè љуби само со зборови. Тој се приближува и ни ја дарува таа љубов со нежност. Близина и нежност! Овие се двата начина со кои нè љуби Господ, кој се приближува и ја дава целата своја љубов, дури и со најмалите нешта: со нежност. Ова е таа силна љубов, бидејќи близината и нежноста ни овозможуваат да созрееме со силата на Божјата љубов.“

„Но се сакате ли вие, како што јас ве засакав?“, запраша папата Фрањо, нагласувајќи дека љубовта треба да биде „близу до ближниот“, дека треба да биде „како онаа на Добриот Самарјанин“ и посебно под знакот на „блискост и нежност“. Но како да му се одолжам за целата оваа љубов на Господа? Несомнено, рече Папата, како што „Го сакаме и се приближуваме до Него“, но тоа не е доволно:

„Ова може да изгледа како ерес, но е најголемата вистина! Да дозволиме на Бог да нè сака, е потешко отколку да Го сакаме ние. Единствениот начин да одговориме на оваа толку голема љубов е да го отвориме срцето и да Му дозволиме да нè љуби. Да дозволиме Бог да се приближи до нас и да Го почувствуваме во близина. Да Му дозволиме да биде нежен и да нѐ милува. Тоа е толку тешко: да Му дозволиме да нè љуби. Треба да побараме денес во Литургијата: „Господи, сакам да те сакам, но научи ме на тешката наука, на потешката навика да ти дозволам да ме сакаш, да Те чувствувам поблиску и да ја чувствувам Твојата нежност!“. Се надеваме дека Господ ќе ни ја даде оваа благодат!“ (В.Н.)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<