Папата Фрањо на ручок со римските пароси

По завршувањето на Литургијата со посвета на елеј во Ватикан, светиот отец ручаше со десетина рисмки пароси, кои беа присутни на Литургијата. Средбата се доржа во семејна атмосфера, а за Ради Ватикан, краток осврт даде еден од свештениците кои ручаше со Папаѕа, дон Манрико Акото.

Многу убаво искуство во едноставност и нормалност. Папата во отпуштена атмосфера сакаше едноставно да ги сослуша своите свештеници – рече Манрико. Секој можеше да му раскаже за својот живот во парохијата.  Слушаше со голем интерес, никогаш не прекинуваше, со став како личност кој сака да научи, дозволувајќи ни да се почувствуваме важни – рече римскиот парој, додавајќи Беше како татко, кој слуша мали работи од своите деца, истакнувајќи ја меѓутоа нивната важност, затоа што на тие мали работи се гради иднината.

к.мк/го*ко

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот