Папата Фрањо на молитвата Ангел Господов: Сочувство, делење, Евхаристија – Исусов пат
Во наговорот пред молитвата Ангел Господов на 3 август папата Фрањо потсети на чудото на умножувањето на лебот и рибите за кои што зборува литургиското Евангелие. Патот кој Исус ни го покажува во денешното Евангелие е: сочувство, делење, Евхаристија, истакна Папата.
Делот од Евангелието го опишува чудото на уможувањето на лебот и рибите. Откако дознал за смртта на Иван Крстител, Исус со своите ученици се засолни на осамено место. Многу луѓе го следеле, а Исус гледајќи го народот се сожали над нив и сѐ до вечерта лекувал болни. Тогаш учениците му предлагаат да го отпушти мноштвото за луѓето да се погрижат за јадење, рече Светиот Отец додавајќи: Но, Исус им одговори: Дајте им вие да јадат; а кога му донеле тоа што го имале, пет леба и две риби, Исус сѐ благослови и прекрши па им даде на учениците да поделат на народот, рече Папата.
Првата е сочувство. Исус не се лути затоа што народот оди по Него, уште повеќе се сожалува над него бидејќи знае дека му треба на народот, а бројните оздравување се знак на Исусовото сочувство. Исус нѐ учи најпрво да ги видиме потребите на сиромашните. Нашите потреби колку и да се итни, никогаш нема да бидат поитни од потребите на сиромашните, рече папата Фрањо и се осврна на другата порака.
Другата порака е делењето, рече Папата споредувајќи го однесувањето на учениците со Исусовото однесување. Учениците мислат дека е подобро да го отпушти народот за да може да најде нешто за јадење. Исус напротив вели: Дајте им вие да јадат. Тие се две сосема спротивни однесувања. Учениците размислуваат по световната логика: секој треба да се грижи за себе. Исус напротив по Божјата, а таа е делење. Да го отпуштеше мноштвото народ многумина би останале гладни. Напротив, тие малку лебови и риби кој Бог ги благослови и подели беа доволно за сите, рече Папата додавјќи дека чудото е знак.
Овој знак нѐ повикува да веруваме во Бог, грижливиот Отец кој ни го дава нашиот леб насушен, но да знаеме да го поделиме со браќата, додаде Папата, наведувајќи ја и третата порака. Чудото на умножувањето на лебовите ја навестува Евхаристијата. Тоа се гледа во гестот на Исус, кој најпрво ги благословува, а потоа ги прекршува и им дава на учениците за да го поделат на мноштвото. Тоа Исус ќе го направи и на последната вечера кога ја востанови Евхаристијата. Исус во Евхаристијата го дава Лебот на животот, се дава Самиот Себе, прикажувајќи се на Отец од љубов кон нас, рече Светиот Отец.
Сожалување, делење, Евхаристија тоа е патот кој Исус ни го покажува во денешното Евангелие. Тој пат нѐ води братски да се соочиме со потребите на светот, но нѐ води и понатаму од овој свет, бидејќи поаѓа од Бог и води до Бог. Дева Марија, Мајка Божја на провидноста нека нѐ придружува на овој пат, посака папата Фрањо.
РВ/Д.И.