Папата повика на молитва за мир во Украина

Папата повика на молитва за мир во Украина

Во недела, 23 јануари по неделното обраќање за време на молитвата Ангел Господов папата Фрањо ги повика сите верници во среда, 26 јануари да се приклучат на молитвата за мир во Украина.

Со загриженост ги следам тензиите кои се закануваат да зададат нов удар на мирот во Украина и да ја загрозат безбедноста на европскиот континент, со многу поголеми последици. Затоа упатувам срдечен апел до сите луѓе со добра волја да ги упатат своите молитви кон Семоќниот Бог, за секоја акција и политичка иницијатива да биде во служба на човечкото братство, повеќе од парцијалните интереси. Оној што се стреми кон своите цели на штета на другите, го презира сопствениот човечки повик, бидејќи сите ние сме создадени како браќа и сестри. Набљудувајќи ја со загриженост моменталната тензија, предлагам следната среда, 26 јануари, да биде ден на молитва за мир, рече Папата во своето обраќање до верниците по неделниот Ангел Господов.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот