Папата Фрањо: Нашето име е деца Божји!

Ватикан, 4.7.2013 /к.мк/ – „Ние сме деца Божји благодарејќи му на Исус и никој не може да ни ја одземе таа наша лична карта“, рече папата Фрањо за време на светата Литургија во капелата на домот Света Марта во Ватикан, во четврток 4 јули. На светата Литургија сослужуваше индискиот кардинал Телесфор Плацидус Топо, архиепископт во Ранчи.

Во центар на проповедта на Папата беше текстот од Евангелието за оздравувањето на фатениот (Матеј 9,1-8). На почетокот Исус му вели на фатениот: „Не плаши се чедо! Ти се простуваат гревовите твои!”. Папата Фрањо забележува дека можеби овој човек на почетокот е збунет, бидејќи фатениот сакаше да биде оздравен телесно. Покасно Исус го оздравува и телесно, откако книжниците го оптужија за богохулство – „бидејќи само Бог може да простува гревови.“

Папата објаснува дека во суштина оздравувањата, поуката, острите зборови против лицемерите се само знак, знак за нешто поголемо кое го направи Исус, а тоа е простување на гревовите: преку Исус светот се измири со Бог, и тоа е „најголемото чудо“.

Простувањето е повторно создавање на светот: тоа е најголемото Исусово послание. Откупување на сите нас грешниците: Исус тоа не го прави со зборови, не со дела, не го прави тоа одејќи по по патот, не! Тој тоа го прави со своето тело! Тоа е Тој, Бог, кој стана еден од нас, стана човек, за да не оздрави нас грешниците, од внатре!“

Исус нè ослободува од гревовите на тој начин што тој стана за нас „грев“, го зема врз себе „целиот грев“ и продолжи Папата, „во тоа се состои новото создание“. Исус „дојде од славата понижувајќи се, сè до смртта, до смртта на Крстот“, сè до крикот: „Оче, зошто ме остави!. Тоа е неговата слава, тоа е нашето спасение“.

Тоа е најголемото чудо, и што прави со тоа Исус? Прави да станеме синови, слободни како синови. Поради она што го направи Исус, ние можеме да кажеме: „Оче“. Во спротивно никогаш не би можеле да кажеме „Оче“! И при тоа да кажеме „Оче“ со така добар и убав став: во слобода! Тоа е големото чудо на Исус. Нас, робовите на гревот, нè ослободи и нè оздрави токму од дното на нашето постоење. Добро е да се размислува за тоа, да се размислува колку е убаво да се биде дете, колку е убава таа синовска слобода – бидејќи детето е дома, а Исус ни ја отвори вратата на куќата … Ние сега сме во својот дом!“

Сега е јасно зошто Исус вели: „Не плаши се чедо! Ти се простуваат гревовите твои!”

„Тоа е коренот на нашата храброст. Јас сум слободен, јас сум син…. Отецот ме љуби, а јас го љубам Отецот! Да молиме од Господ благодат за да навлеземе во делото кое Бог го направи преку Него: Бог го измири светот со Себе преку Христос. Ни го довери зборот измирување и благодат ревно да го пренесуваме понатаму тој збор на помирување во слобода“ нагласи Папата, во слобода која ја уживаме како деца Божји. „Ние сме спасени преку Исус Христос! И никој не може да ни ја одземе оваа лична карта. Тоа е моето име: Дете Божјо! Колку прекрасна лична карта! Граѓански статус: слободен! Нека биде така! (го*ко)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<