Папата Фрањо: Народот Го следи Исус, бидејќи препознава дека Тој е Добриот Пастир

Народот Го следи Исус, бидејќи препознава дека Тој е Добриот Пастир – истакна Папата во проповедта на светата Литургија на 26 јуни во капелата на домот Света Марта. Одговарајќи на прашањето зошто народот го следи Исус, Папата истакна четири вида на луѓе кои во Исусово време јавно говореле. Единствено народот го следи Исус, бидејќи Неговото Слово го греело човечкото срце – рече Светиот Отец.

Зборувајќи за тие групи на луѓе, Папата најпрво ги спомна фарисеите. Тие му зборувале на народот, но нивниот говор не допирал до народот, бидејќи верата ја сведувале на казуистика. Тие почитувале повеќе од триста заповеди ги сметале во чест на Бог. Народот затоа не ги следел. Втората група – рече – беа садукеите. Тие ја изгубиле верата, а својот верски интерес го извршувале договарајќи се со политичките и економските моќници. Всушност биле љубители на власта – рече Папата, а потоа ги наведе третата и четвртата група.

Револуционерите односно ентузијастите се третата група; сакале еврејскиот народ да го ослободи од римскиот јарем. Ниту нив народот не ги следел, бидејќи народот знае да разликува зрело од незрело овошје. Четвртата пак група биле есените, монаси кои на Бог му го посветувале својот живот. Тие пак биле одвоени од народот и затоа народот не ни можел да ги следи – објасни папата Фрањо, додавајќи дека нивните зборови не ги грееле срцата на луѓето.

Исусовиот говор, напротив, ги грее срцата на луѓето. Мноштвото Му се восхитувало, а Неговата порака допирала до нивните срца. Исус му се приближувал на народот, го оздравува неговото срце, ги сфаќа неговите тешкотии. Не се срами да зборува со грешниците, уште повеќе, ги бара, бил среќен што можел да живее со луѓето.. Затоа што е Добриот Пастир, овците Го слушаат Неговиот глас и го следат – рече Папата додавајќи:

Народот го следи Исус, бидејќи не бил ниту фарисеј, ниту садукеј, ниту револуционер, ниту контемплативен монах; бил Добриот Пастир, а зборува со јазикот кој народот го разбира; ја зборува вистината, зборува секогаш за Божјите работи. За нив така зборува што народот ги сфаќал. Затоа народот го следи – истакна Папата.

Исус никогаш не се одалечил од народот, ниту од Бог. Со Отецот бил цврсто поврзан – бил едно со Него и така му бил близок и на народот. Имал авторитет и затоа народот го следи. Размислувајќи за Исус, Добриот Пастир, добро би било да се прашаме: кој јас би следел? – поттикна Светиот Отец.

Тие кои зборуваат за апстрактни работи или за казуистика; или оние кои зборуваат дека се од народот, но немаат вера и се договараат со економските и политичките моќници; или оние кои секогаш настојуваат да прават чудни работи, штетни, т.н. „ослободувачки војни“ кои на крајот не се патишта до Господ; или пак одделените контемплативци? Нека ова прашање нѐ поттикне на молитва до Отецот Небесен за да нѐ приближи до Исус и да можеме да се восхитуваме на Неговите зборови – заврши Светиот Отец.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот