Папата Фрањо: Молете се за пастирите за да им помогне Бог во нивната апостолска служба

Во неделата на Добриот Пастир и Светскиот ден на молитва за духовни звања, 11 мај 2014, папата Фрањо во базиликата Свети Петар во Ватикан ракоположи 13 ѓакони за свештеници, повикувајќи ги да бидат милосрдни. Новите свештеници доаѓаат од Италија, Пакистан, Виетнам, Кореја, Бразил, Чиле, Венецуела и Еквадор.

Треба да инсистирате кај пастирите, епископите и свештениците, сѐ додека не ви го дадат млекото на милостите, науката и водството, рече Папата на верниците собрани на плоштадот Свети Петар и ги повика да се молат за пастирите за да Бог им помогне во нивната апостолска служба. На тоа го поттикна литургиската Недела на Добриот Пастир. Го прераскажа делот од писмото на свети Цезариј од Арлес во кое наведува како малото теле кога е гладно не и дава мир на мајката сѐ додека не му даде млеко. Им препорача на верниците и тие така упорно да бараат од своите пастири да им помогнат да го откријат патот кон Христос кој го покажува и подржува Божјиот народ на патот на надежта. Тие пастири некогаш мора да бидат меѓу народот, а во некои други прилики мора да одат зад народот за да им помогнат на оние кои заостануваат.

Неделата на Добриот Пастир пружи посебна можност и за молитва за свештеници и монашки звања. Секој повик претпоставува излегување од себе самиот за да се влезе со својата егзистенција во Христос и неговото Евангелие. Повикот затоа секогаш од една страна претпоставува ентузијазам, а од друга страна обврска. За да може тоа да се оствари, треба да се стапи во длабоко пријателство со Господ за да може да се живее од Него и со Него, ја објасни Папата суштината на свештеничкиот повик и ги повика верниците да го молат Господ да даде свештеници во современиот свет во кој постои ризик Божјиот глас да биде замолчан. Христијаните, семејствата, парохиите и движењата мора да станат свесни на таа должност и уверено да молат за тоа.

Во проповедта во текот на ракополагањето на новите свештеници Папата упорно бараше од нив кога ќе ја делат светата Тајна Исповед да бидат милосрдни како Исус. Призна дека му е жал кога ќе слушне дека луѓето повеќе не одат на исповед затоа што исповедникот премногу гипрекорува. Почувствувале дека Црквата пред нос им ја затвора вратата. Препорача да не го прават тоа. Добриот пастир влегува преку вратата на милостите на Исусовите рани. Ако не влезете во вашата служба по Христовите рани нема да бидете добри пастири, порача Светиот Отец.

По повод одбележувањето на Денот на мајката молеше заедно со собраните ходочасници за мајките во целиот свет, препорачувајќи ги на застапништво на Исусовата Мајка Марија. Ги поздрави Неокатекуменските заедници кои го навестуваат Исус Христос по римските плоштади и плоштадите по бројни градови низ светот. На првопричесниците и миропомазаниците им препорача со помош на Светиот Дух да го чуваат во срцето Исус Кој го примиле.

Папата Фрањо во саботата се сретна со околу 300.000 ученици од Италија, со нивните родители и наставници и им даде до знаење дека посетувањето на училиште значи да го отвориш умот и срцето за реалноста во целото нејзино богатство и димензија. Училиштетото мора да биде место за средба, бидејќи е важно за надополнување на семејството во периодот на растење. Тука се среќаваат различни луѓе по возраст, култура и потекло. Наставниците мора да бидат отворени за реалноста и подготвени да пружат образование. Семејството и училиштето не смеат никогаш да се спротистават, туку да се надополнуваат. Заеднички мора да воспитуваат за вистината, доброто и убавото. Воспитанието не може да биде неутрално. Или и помага на личноста да расте или ја уништвува или дури ја корумпира. Училиштето мора да развива смисла за вистина, добро и убаво, рече папата Фрањо.

РВ/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот