Папата Фрањо: молете се за епископите и свештениците за да бидат пастири, а не волци
Ватикан, 16.5.2013 /к.мк/ – Молете се за свештениците и за епископите, за да не подлегнат на искушението на парите и гордоста, туку да бидат во служба на народот Божј- поттикна папата Фрањо во прпопведта, на светата Литургија во среда 15 мај, која ја служеше во капелата на домот Света Марта во присуство на група вработени во Радио Ватикан.
Проповедта на Папата започна со извадок од Дела на светите Апостолите, во кое свети Павле ги охрабрува “старешините” на Црквата во Ефес да бдеат над себе и над целото стадо, да бидат внимателни пастири, а не „лути волци”. Ова е една од „најубавите страници на Новиот Завет” – истакна Папата – „полна со нежност, со пастирска љубов”, во која е истакната “односот на епископот со својот народ”. Епископите и свештениците – објасни Светиот Отец – се во служба на другите, да ги чуваат, воспитуваат и заштитуваат народот. Тоа е „заштитнички однос, однос на љубов помеѓу Бог и пастирот, како и меѓу пастирот и народот”
„Епископот не е епископ за самиот себе, тој е за народот,свештеникот не е свештеник за себе, туку за народот; тој е во служба на некој друг, за да овозможи да се зголемува своето стадо, да го пасе својот народ, своето стадо, зарем не?. За да го чува од волците. Убаво е да се размислува за ова. Кога епископот го прави ова, тој создава една убав однос со народот, токму таков како што свети Павле се однесува со својот народ. А кога свештеникот има убав однос со народот, кога го љуби, се раѓа взаемна љубов, вистинска љубов и тоагаш Црквата станува соединета”.
Говорејќи за односот на епископот и свештеникот со народот, Папата реќе дека тој однос е “егзистенцијален, светотаински”. „Ние имаме потреба од вашите молитви”, бидејќи “и епископот и свештеникот можат да паднат во искушение”. Епископите и свештениците мора многу да молат, да го навестуваат Воскреснатиот Исус Христос и храбро да ја проповедаат пораката на спасението”. „Но и ние сме грешни луѓе и сме искушувани. А кои се искушенијата на епископот и на свештеникот?: Праша Светиот Отец и објасни:
„Свети Августин, коментирајќи го пророштвото на Езекиел, зборува за две искушенија: богатството, кое може да се претвори во лакомство и гордост. Свети Августин вели: „Кога епископот или свештеникот го искористува стадото за самиот себе, тогаш односот се менува: ниту епископот, ниту свештеник не се за народот, туку епископот и свештеникот земаат од народот“. Свети Августин вели: “зема месо од овците за да го изеде, да го искористи; твши трговија и се наклонува на парите, а многу тргува со црковни нешта. Или пак од суета ја користи волната за да може да гордее”.
Обично е така – продложи Папата – „кнародот не сака некој свештеник или епископ ако се наврзани на парите, а тоа е знак и тој завршува лошо.
Свети Павле не потсетува дека работел со своите раце, немал сметка во банка, туку работел. И кога еден епископ, свештеник оди по патот на гордоста, во него влегува духот на кариеризам – и прави големо зло на Црквата – на крајот станува смешен, се гордее, сака да биде забележан, да ја покаже својата моќ… Таквиот не го сака народот! “Молете се за нас – повтори Папата – „да бидеме сиромашни, понизни, скромни, и да му служиме на народот”. На крајот папата препорача од Делата на светите Апостоли да се прочита глава 20, стихови 28-30 од Дела на Апостолите каде свети Павле вели: ” Внимавајте на себе и на целото стадо, во кое Светиот Дух ве постави за надгледувачи, за да бидете пастири на Божјата црква, која Тој ја откупи со Својата крв. Јас знам дека по моето заминување меѓу вас ќе навлезат свирепи волци, кои нема да го штедат стадото; а и од вас самите ќе се подигнат мажи, кои ќе зборуваат изопачено, за да ги одвлечкаат учениците по себе.
“Прочитајте ја оваа убава страница и читајќи ја, молете се за нас епископите и свештениците. Имаме голема потреба да останеме верни, да бидеме луѓе кои бдеат над стадото и над самите себе, да бидат будни, нивното срце да биде секогаш свртено кон стадото. Господ да не чува од искушенија, ако се упатиме по патот на богатството по патот на гордоста, и тогаш стануваме волци, а не пастири. Молете се за мас, читајте го овој извадок и молете се. Амин! Со тие зборови Светиот Отец ја заврши својата проповед. (Д.И.)