По именувањето на новите кардинали во базиликата Свети Петар на 19 ноември, папата Фрањо и новите кардинали се упатија во манастирот „Mater Ecclesiae“ во Ватикан, при што го посетија почесниот папа Бенедикт XVI.
Веќе 89 годишниот почесен папа Бенедикт XVI најпрво го поздрави и се прегрна со папата Фрањо, а потоа поединечно ги поздрави новите кардинали. Средбата продолжи со заедничка молитва и заеднички благослов на новите кардинали од страна на папата Фрањо и почесниот папа Бенедикт XVI. На крајот папата Фрањо и неговиот претходник уште еднаш братски се прегрнаа.
РВ/к.мк
Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк