Бискупот Стојанов се сретна со европратеничката Петир

Бискупот Стојанов се сретна со европратеничката Петир

Во среда 20 септември 2017 година во зградата на Хрватската епископска конференција во Загреб, Скопскиот бискуп и Апостолски егзарх во Македонија, монс. д-р Киро Стојанов, придружуван од скопскиот парох дон Давор Топиќ, се сретна со хрватската европратеничка Маријана Петир.

Бискупот Стојанов на самиот почеток од средбата ја запозна европратеничката Петир со животот и делувањето на Католичката црква во Македонија, која со своето послание настојува да биде светло и глас на вистината.

Соговорниците исто така се осврнаа и на политичката ситуација во Република Македонија, при што бискупот Стојанов се заблагодари на европратеничката Петир за нејзината ангажираност, истакнувајќи дека со голема симпатија и благодарност гледа на групата „Пријатели на Македонија“, во која се наоѓаат околу дваесетина пратеници во ЕУ парламентот, а чија иницијатива има за цел да помогне на Македонија не нејзиниот европски пат.

к.мк

Категорија: Вести, Македонија

За авторот