Папата Фрањо: И ние како Тома сакаме да го сретнеме Исус

Како што апостол Тома на крајот дошол до верата и се нашол пред „Месијата полн со благост, милосрдие и нежност“, така и ние од длабочината на срцето сакаме да се сретнеме со Исус – е централната порака од пладневниот говорот на Папата.

Како што апостол Тома по првичниот отпор и немир на крајот дошол до верата и се нашол пред „Месијата полн со благост, милосрдие и нежност“, така и ние од длабочината на срцето сакаме да Го сретнеме Исуса благиот милосрдниот и нежниот, бидејќи знаеме длабоко во срцето дека Тој навистина е таков – е централната порака на пладневниот наговор на 12 април на Папата пред молитвата Царице небесна.

Зборувајќи за искуството на средбата на Тома со Исус откако не можел да поверува дека учениците го виделе жив, Папата истакна дека преку знаците на Исусовата мака Тома доаѓа до полнината на воскресната вера. Во спасоносниот допир на Исусовите рани – објасни Папата – Тома ги осознава сопствените рани, болки и понижувања, а во местото на клинците го пронаоѓа одлучувачкиот доказ дека е љубен, сакан и сфатен.

Во личната средба со Христовото милосрдно трпение – рече понатаму папата Фрањо – Тома го сфаќа значењето на Исусовото воскресение и – во моментот преобразен – ја исповеда својата полнина и потполна вера во Него, зборувајќи: „Господ мој и Бог мој“. Како што било со него, така и со нас – рече Папата. Повикани сме да го гледаме во Исусовите рани Божјото милосрдие кое ги надминува сите човечки граници и со светлината ја пробива темнината на злото и гревот. Особено пригодно време за тоа – потсети Светиот Отец – е неодамно отворената Света година на милосрдието.

Светиот Отец молеше со верниците Царице небесна, а потоа ги поздрави поклоничките групи. Посебно истакна за верниците од источниот обред – без разлика дали католици, или православни или други – кои според Јулијанскиот календар денес слават Велигден. „Χριστόςἀνέστη“ (Христос воскресна) – им честита Папата. На крајот уште еднаш еднаш ги поздрави ерменските верници кои заедно со тројцата патријарси и бројни епископи учествуваа на Литургијата во базиликата Свети Петар и собраните ги отпушти со својот редовен поздрав.

РВ/Д.И.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцјата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот