Светиот Отец во вторник 10 август ја именуваше професорката Емануеле Марие Чарпентиер, а во средата на 11 август професорката Џенифер Ане Доудна за редовни членови на Папската академија за наука, објави Канцеларијата за печат на Светиот Престол.
Емануеле Марие Чарпентиер родена е на 11 декември 1968 година во Јувиси-сур-Орге во Франција. Специјализирала биологија, микробиологија, биохемија и генетика на универзитетот „Пjер ет Марие Кири“ во Париз. Основачка е и директорка на Единицата за наука за патогени во Институтот Макс Планк во Берлин. Исто така е почесна професорка по микробиологија на Институтот за биологија на Универзтитетот Хумболд во Берлин. Предавала и на Универзитетот „Умеа.“
Џенифер Ане Доудна е родена на 19 февруари 1964 година во Вашингтон. Специјализирала биохемија на Медицинското унилиште на Харвард. Моментално предава биохемија на Универзитетот Калифорнија во Берклеј.
Во 2020 година професорките Чарпентиер и Доудна заедно ја добија Нобеловата награда за хемија за развој на методите за уредување на геномот CRISPR-Cas9, т.н. „ножици за гени“. Таа метода Кралската шведска академија за науки во Стокхолм ја препозна како револуционерна затоа што модифицирајќи со исклучителна прецизност ДНК билки, животни и микроорганизми „имала големо влијание на науката за животот, придонесува за нови терапии против карцином, и може да се остварат соништата за лекување на наследни болести“.
Ватикан њуз/к.мк