Папата Фрањо за улогата на жената во Црквата и општеството

Жената треба да се вреднува и на општествено и на црковно поле – истакна папата Фрањо во сабота 12 октомври примајќи ги на аудиенција учецниците на симпозиумот по повод 25 години од годишнината на Апостолското писмо ‘Mulieris dignitatem’ од блажениот Иван Павле II. Светиот Отец напомена дека мајчинството не може да се сведе на општествено поле, а и да се промовира еманципација која се оддалечува од карактеристиките кои ја карактеризираат жената.

Истакнувајќи ја важноста на апостолското писмо ‘Mulieris dignitatem’, папата Фрањо напомена дека тоа е историски документ, прв во научителство на папите кој потполно е посветен на жената. Потоа се осврна на еден дел од писмото во кој се вели дека Бог човекот, човчекото битие, на посебен начин го доверува на жената. Тоа доверување е посебно – рече Папата – и очигледно е дека се однесува на мајчинстовото.

Многу работи можат да се променат и многу се променија во културната и општестената еволуција, но останува фактот дека во жената се зачнуваат деца, луѓе, таа ги носи во утробата и ги раѓа. И тоа не е само биолошки факт – рече Папата – туку тоа опфаќа богатство поврзано за самата жена, како и нејзиниот начин на живот, нејзините односи, нејзината поставеност во однос на човечкиот живот и општо за животот.

Повикувајќи ја жената на мајчинство, Бог на многу посебен начин и го доверува човечкото битие – рече Папата и потоа предупреди – Сепак постојат две опасности кои секогаш се присутни, две крајности, кои ја навредуваат жената и нејзиниот повик.

Првата го сведува мајчинството на општествена улога, на една задача, без оглед што е благородна, која ја става жената, со нејзините способности, настрана и не ја оценува целосно во изградбата на заедницата. Ова се случува како во општествената, така и во црковната средина. Како последица на тоа, постои една друга спротивна опасност: да се промовира еден вид еманципација, која зазема места својствени за мажот и ги напушта карактеристични и препознатливи женски карактеристики”.

Жената, истакна Папата Фрањо, поседува една посебна чувствителност за „Божјите работи” пред сè, помагајќи ни да го разбереме Божјото милосрдие, нежноста и неговата љубов кон нас”:

„Мене ми е драго да мислам дека Црквата не е мажки род; Црквата е жена! Таа е мајка! А тоа е многу убаво! Треба подлабоко да се размислува за овој аспект”.

Апостолското писмо ‘Mulieris dignitatem’ нуди длабоко размислување, на цврст антрополошки темел просветлен со Објавата. И во Црквата е важно да се праша: Каква е присутност на жената? Дали може подобро да се вреднува?

Страдам кога гледам дека во Црквата или во некои црковни организации ја гледам улогата на служење – која сите ја имаме и треба да ја имаме – во случајот на жените преминува во улога на „слугување“… Кога гледам жени кои работат дека слугуваат, а не служат…. Таа реалност ми е на срце и поради тоа сакав да се сретнам со вас – рече на крајот Светиот Отец и ги благослови учесниците на симпозиумот, и посака во нивните напри да бидат придружувани од Исусовата Мајка.

го*ко

Категорија: Ватикан

За авторот