Папата Фрањо до ФАО: Срамота е денес да умираат луѓе од глад

Ватикан, 21.6.2013 /к.мк/ – Денес „милиони луѓе во светот умираат од глад“, додека производството на храна е доволна за да се прехрани целата популација во светот – ова е „скандал“!, рече папата Фрањо на аудиенцијата во четврток 20 јуни за учесниците на конференцијата на Организацијата за храна и земјоделство на ООН (ФАО), која се одржува во Рим.

Во говорот Папата потсети дека конференцијата е свикана „за да одговори на една приоритетна потреба“ за бројните браќа и сестри: „да обезбеди на располагање секојдневна исхрана„ во еден глобален контекст отежнат не само од економската криза, туку и од „безбедноста“ „бројните конфликти“, „климатските промени“ и „искривувањето„ на биоразличноста. Затоа, рече папата Фрањо, од ФАО се бараат „обновени напори“, за да можат сите да уживаат во земните богатства – не само да се намалат разликите меѓу лицата што поседуваат повеќе и оние што се задоволни со трошките“ – туку најмногу за „правда, еднаквост и почит кон секое човечко суштество“.

„На човекот и неговото достоинство – предупреди Папата – им се заканува опасноста да се претворат во апстрактен поим поради употребата на сила, војната, неисхранетоста, маргинализирање, кршењето на основните слободи или финансиските шпекулации, кои во моментов ја условуваат цената на храната“, кон која се постапува како и со секоја „друга роба“, заборавајќи ја нивната првична намена“.

За Светиот Отец ота е „криза на убедувањата и вредностите, вклучувајќи ги и оние кои се во основата на меѓународниот живот“. Затоа се потребни „контрамерки против економските интереси и логиката на власта на едно малцинство кое го занемарува мнозинството од светското население и создава сиромаштија и маргинализирање со уништувачки социјален ефект“. Исто така, додаде Папата потребно е „да се застане на патот на корупцијата, која носи привилегии само за некои и предизвикува неправда за мнозина“.

„Не станува збор само за сочувство, повик кон споделување или кон помирување, за да се надмине ривалството и противењето“, посочи папата Фрањо: „Пред сѐ се работи за подготвеност да се сподели секое нешто и да бидеме добри Самарјани, наместо да ја избереме индиферентноста кон потребите на ближните“ . Затоа – истакна Папата – „од ФАО, земјите членки и меѓународната заедница се бара отворање на срцата“.

На крајот папата Фрањо ја охрабри започната реформа во ФАО „за да обезбеди подобра, транспарентна и праведна активност“ и упати пофалби за изборот, следната година да биде посветена на земјоделството“, за да го зајакне верувањето дека семејството е главното место за растот на секое човечко суштество“. (В.Н.)

Категорија: Ватикан

За авторот

Write a Comment

<