Папата Фрањо до младите: Не се одделувајте, близината значи среќа

Момче, тебе ти велам стани – е насловот на пораката на папата Фрањо за 35. Светски ден на млади кој на бискупско ниво се слави на 5 април, на Цветници. Папата ги повикува момчињата и девојките да не се одделуваат од животот, туку од него да направат нешто убаво за светот и за Црквата.

Пред нас се млади со екранот на паметниот телефон подготвени за снимање, можеби дури и за некоја драма, но кои остануваат на својата страна, не мешајќи се како некоја завеса да им паднала на срцето. Уживаат среќни часови држејќи се на страна, животот им е растресен, го гледаат од став на оние кои гледаат, а не видат. Тоa е рецептот за среќа на многу млади кои во својата внатрешност го носат мирисот на смртта заради досадата и депресијата, заради одлуката кои ги прави рамнодушни. А од друга страна се наоѓа динамизмот на Евангелието, Исусовиот стил, Исус Кој поминува, ги гледа луѓето, се сочувствува, се вклучува, допира, љуби и лекува.

Светиот Отец упати порака до младите за Светскиот ден на младите на бискупско  ниво, која е прва од двете пораки кои нè делат од следната меѓународна средба во 2022 година во Лисабон. Папата пишува вдахнувајќи се од „Christus vivit“, поттик кој е објавен како потврда од Синодата за млади од 2018 година. И како што тоа е во негов стил, кога им се обраќа на младите, зборовите поминуваат со голема сила од отвореното препознавање на мрачните агли и животните замки до истакнувањето на светлата на оние кои, чувствувајќи се љубени од Христа, паѓаат и се дигнуваат, но сепак не престануваат да љубат.

За тоа да го покаже, папата Фрањо во поединечни гестови го разгледува Исусовото однесување кон вдовицата од Наин, кога ја сретнал со група луѓе кои го носат нејзиниот син единец за да го погребаат. Исус ја запрел погребната поворка. Се приближил, станал нивен ближен – пишува Папата и истакнува: Но уште пред тоа застанал и внимателно, а не растресено ја набљудувал сцената; ја видел жената во нејзината мака и се сожалил над неа.

Каков е нашиот поглед? Дали гледаме внимателно со очите или како кога брзо прегледуваме илјадници фотографии во својот паметен телефон или на профилот на социјалната мрежа? – прашува Светиот Отец, внимателно набљудувајќи го стилот на животот на младите, забележувајќи ја сколоноста кај многумина да се препуштаат на животот, држејќи се на страна. Околу нас, но понекогаш и во себе се среќаваме со реалноста на смртта: физичка, духовна, емоционална и општествена.

Дали ја забележуваме таа реалност или лично ги трпиме нејзините последици? Можеме ли нешто да направиме за повторно да се здобиеме со живот? – пишува папата Фрањо и предупреди: Постојат млади кои се мртви, затоа што ја загубиле надежта, затоа што се депресивни, затоа што животарат во површноста, затоа што со екстремните искуства се доведуваат во опасност; постојат млади кои бараат само мали ситни задоволства, такви кои само мислат како да заработат пари и да се средат, и такви кои страдаат заради личниот неуспех. Долгорочно гледано, неизбежно ќе се појави тапа мачнина, рамнодушнст, досада на живеењето и постепено сè повеќе неволја.

Соочен со тие патишта на внатрешна смрт, Исус ги покажува патиштата на животот кој поминува низ отвореноста кон другите, посебно ако се во потешкотии – пишува Папата во пораката и продолжува: Сочувствувањето кое Исус го искусил гледајќи ја вдовицата и безживотното тело на нејзиниот син, го прави учесник во реалноста на другиот. На себе ја зема бедата на другиот. Тагата на таа мајка, станала негова тага. Смртта на тој син, станала негова смрт.

Тоа е парадоксалната вистина на која нè учи Евангелието – пишува Светиот Отец и им повторува на младите: Ако знаете да плачете со оние кои плачат; ако знаете да бидете ближни како што Христос станал ближен со жената и момчето од Евангелието кој навистина бил мртов и кој се враќа во живот, затоа што го набљудувал Некој кој сакал да живее, ќе бидете навистина среќни. Тоа може да се случи и денес и секој ден.

Исусовиот збор ги надминува мотивациските магични изрази кои денес се во мода – пишува папата Фрањо и потсети, некои од нив велат: Мора да верувате во себе; во себе мора да пронајдете сила… Но сите тие се едноставни зборови и за оние кои навистина во себе се мртви, тоа не делува. Христовиот збор има друга сила која е бескрајно посилна. Тоа е божествен и создателски збор кој сам може да го врати животот таму каде што згаснал.

Во време во кое често сме поврзани, но не и во комуникацијата, во кое младите се исклучени и преокупирани со виртуелниот свет, Папата ги повтори зборовите кои Исус ги кажал на покојното момче: Стани! Тоа е повик да се отвориме за реалноста, која ја надминува онаа виртуелната – пишува Папата и толкува: Тоа не значи да ја презираме технологијата, туку да ја користиме како средство, а не како цел. Стани значи исто така, сонувајте, ризикувајте, ангажирајте се за да го промените светот, запалете ги повторно своите желби, набљудувајте го небото, ѕвездите и светот околу вас.

Исус да бил некој кој се занимавал само со своите работи, синот во вдовицата не би воскреснал, ми рече едно момче во една прилика. Кои се вашите желби и соништата? Пуштете ги да излезат и преку нив предложете му на светот, на Црквата и на другите млади нешто убаво на духовно, уметничко и општествено подрачје. Ви повторувам: Ангажирајте се! – ја завршува Светиот Отец пораката упатена до младите

Ватикан њуз/к.мк

 

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот