Молитвена накана за ноември: Говор на срцето, наместо говор на оружјето

Молитвена накана за ноември: Говор на срцето, наместо говор на оружјето

Во молитвената накана за ноември папата Фрањо поттикнува на градење на евангелскиот мир и на молитва за говорот на срцето и дијалогот секогаш да преовладеат над говорот на оружјето.

Сите сакаме мир. А најмногу од сите го сакаат оние кои страдаат заради неговиот недостаток – со тие зборови Папата го започнува видеото со молитвената накана за месец ноември. Мирот е секогаш во центар на мислите на папата Фрањо кој е уверен дека можат да се зборуваат прекрасни зборови, но ако во човечкото срце нема мир, нема да има ниту во светот. За уништување на болните механизми на насилството важна е молитвата, но и нежноста. Навистина, папата Фрањо вели: „Без насилство и со 100% нежност се гради евангелскиот мир кој никогаш не разочарува. Да се молиме заедно говорот на срцето и дијалогот секогаш да преовладеат над говорот на оружјето.“

Податоци за конфликтите

Папата продолжува во истакнувањето на потребното практикување на мирот во малите работи, во секојдневните гестови, во односите со другите, прилагодувајќи се на сите прилики токму она како што правел Исус. Реалниот мир е ретко добро, постојано во опасност и негирано во многу краишта на светот. Освен тоа, според податоците на Организацијата на Обединетите нации 90% од цивилните жртви во вооружените конфликти се жени и деца, а извештајот од јуни оваа година дава податок дека во текот на 2017 година се забележани 21.000 случаи на тешки насилстви над деца. (…)

Без насилство, со 100% нежност

Наследувајќи го повикот на Папата, Советот на епископските конференции на земјите од Латинска Америка и Карибите (CELAM) започна кампања под наслов „Сите ни требаат: Без насилство, со 100% нежност.“ Таа општествена мобилизација со екуменски карактеристики поминува во цела Латинска Америка и Кариби, од границата со Мексико и САД, до Патагонија предупредувајќи на разните облици на насилство над децата, и предлагајќи ја нежноста како решение за заштита на животот и достоинството на децата.

Исусовецот патер Фредерик Форнос меѓународен директор на Папската светска молитвена мрежа истакна дека мирот меѓу народите започнува во нашите секојдневни односи, кога на улицата се среќаваме со друг човек, со нежно лице и поглед, а посебно кога другиот се разликува по јазик, култура и го нарекуваме странец. Мирот и слогата меѓу народите на земјата така започнува на улиците, во домовите, во моите активности и во активностите на моето семејство, одбивајќи го стравот од другиот и почитувајќи го – рече патер Форнос.

Ватикан њуз/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот