Папата Фрањо: Децата нека растат покрај татко и мајка

Со децата и со младите не се поигрува, со нив не може да се прават експерименти – истакна папата Фрањо, примајќи ја на 11 април во аудиенција делегацијата на Меѓународната католичка канцеларија за деца (BICE). Светиот Отец ги потсети членовите на тоа тело на важноста на заштитата на правата на децата, па се осврна и на прашањето на злоупотреба направено од претставници на Црквата. Освен тоа, истакна дека иднината е во рацете на децата, бидејќи тие сигурно ќе имаат сила да ја водат историјата, и во старите луѓе, бидејќи тие се мудрост на народот.

Во наше време важно е да се остваруваат нацрти против работата сведена на ропство, против регрутација на деца, како и против секој вид на насилство над децата – рече Папата. Неговото размислување тргна пред сè од злоупотребата на децата од страна на претставници на Црквата. Се чувствувам повикан да го преземам тоа на себе и да барам прошка за сето зло кое го направија поедини свештеници, за сексуалната злоупотреба на децата – рече папата Фрањо. Црквата е свесна за тие штети! – истакна. Тоа е нивна лична и морална штета… меѓутоа штета на луѓето на Црквата! А ние не сакаме да направиме чекор наназад што се однесува на односот кон тој проблем и казните кои мора да се одредат. Напротив, мислам дека треба да бидеме многу силни! Со децата не може да се поигрува! – истакна Папата.

Осврнувајќи се потоа на посланието на Меѓународната католичка канцеларија за деца, која – како што рече Светиот Отец – се зазема за децата и е конкретен и актуелен израз на персоналната љубов која Господ Исус ја има за нив, Папата напомена дека треба повторно да се истакне правото на децата да растат во семејство, со татко и мајка кои се способни да создадат средина која одговара за нивниот развој и нивното чувствително дозревање и тоа во однос на татковата мажественост и мајчината женственост.

Суштината на тоа прашање е одредување на воспитните нацрти, бидејќи – како што објасни Светиот Отец – пред сè потребно е да се подржи правото на родителите на морално и верско воспитување на сопствените деца. Што се однесува на тоа, би сакал да го изразам своето одбивање на секој вид на воспитно експериментирање со децата. Со децата и со младите не може да се прават експерименти. Тие не се заморчиња од лабораторија! – предупреди Папата и додаде – Ужасите на воспитните манипулации кои ги проживеавме во големите геноцидни диктатури на XX век не исчезнаа; својата активност ја чуваат под различни облици и предлози, кои под изговор на современоста ги поттикнуваат децата и младите да одат по диктаторскиот пат на едноумието.

Спомнувајќи го неодамнешниот разговор со една воспитувачка, Светиот Отец забележа дека со сегашните конкретни воспитни нацрти понекогаш не се разбира дали се праќа детето во училиште или во некој логор за превоспитување.

Поради тоа Папата ја пофали работата на Меѓународната католичка канцеларија за деца, кои – како што рече – настана од мајчинството на Црквата, потекнувајќи од интервенцијата на Папата Пиј XII која имаше за цел заштита на децата после Втората светска војна. Оттогаш таа организација секогаш се заземала за промоција на правата на децата, придонесувајќи и на Конвенцијата на Обединетите Нации од 1988 година и во постојана соработка со канцелариите на Светата Столица во Њујорк, Стразбур и Женева.

Работата во корист на човековите права претпоставува секогаш живо антрополошко воспитување, потоа добро да ја познаваме стварноста на човечкото битие и да знаеме да одговориме на проблемите и предизвиците кои ги поставуваат современи култури и менталитетот раширен преку медиумите. Се разбира – додаде Папата – не станува збор за тоа да се затвориме под стаклено ѕвоно, туку со позитивните вредности на човечкото битие да се соочиме со нови предизвици на денешната култура. На крајот на говорот Светиот Отец го спомна логото на Советот за заштита на децата и младите од Буенос Аирес, на кое е прикажано Светото Семејство на магаре, додека бега во Египет како би го заштитило своето Дете. Понекогаш поради заштита е потребно да се побегне; понекогаш е потребно да се запре; а понекогаш е потребно да се бори. Меѓутоа, секогаш треба да се има нежност – истакна папата Фрањо.

РВ/С.С.

Категорија: Ватикан

За авторот