Папата Фрањо го прими на аудиенција израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху
Во понеделник 2 декември во Апостолската палата папата Фрањо го прими на аудиенција израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Средбата беше од приватен карактер и траеше 25 минути. За време на срдечниот разговор, беше разгледана комплексната социјална и политичка ситуација на Блискиот Исток, со посебен акцент за продолжувањето на израелско – палестинските преговори, и беше истакната желбата за изнаоѓање на праведно и трајно решение, почитување на правата на двете страни, стои во соопштението од Ватикан.
На средбата се зборувало и за прашања поврзани за односите меѓу државните власти и локалните католички заедници, како и меѓу Израел и Светата Столица, со желба да се доврши одамна подготвениот билатерален договор”.
Покрај средбата со Светиот Отец, Нетанјаху се сретна и со државниот секретар на Ватикан, Пјетро Паролин, стои во соопштението од Ватикан.
РВ/го*ко