Папата Фрањо ги потсети ѓаконите на нивното послание

Не е голем тој кој заповеда, туку тој кој служи – рече папата Фрањо на членовите на делегацијата од Меѓународниот центар за ѓаконат кои на 4 јуни 2016 година ги прими во аудиенција по повод 50 годишнината од основањето на Центарот.

Ѓаконите ја покажуваат Исусовата заповед: „Љубете се еден со друг како што јас ве љубам“ која што Господ ја доверил на своите ученици речиси како порака. Во љубовта кон другите учениците го „продолжуваат посланието заради кое Синот Божји дојде на светот“ – рече папата Фрањо.

Исусовата заповед вклучува служење на браќата и сестрите, а во тоа е улогата на ѓаконот: конкретно да се грижи за луѓето и нивните потреби. „Ѓаконите ја покажуваат на посебен начин Исусовата заповед: да се наследува Бог во служењето на другите, да се наследува Бог кој е љубов“ – рече Светиот Отец, велејќи дека „Божјиот начин на постапување, неговото трпеливо, добро и сочувствително и расположено делување треба да го карактеризира секој служител: епископите како наследници на апостолите, свештениците нивните соработници и – во конкретното служење на трпезата“ – ѓаконите.

Токму ѓаконите – заклучи Папата – се лицето на Црквата во секојдневниот живот; заедница која живее и оди среде народот и кој не е голем оној кој заповеда, туку оној кој служи.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот