Во пресрет на своето Апостолско патување во Португалија, папата Фрањо се помоли во римската базилика Света Марија Велика и ја довери својата посета и учесниците на Светскиот ден на младите на Пресвета Богородица.
Во понеделникот попладне, 31 јули 2023 година, папата Фрањо ја посети римската базилика Света Марија Велика каде се помоли пред иконата на Богородица, Salus Populi Romani, пред неговото апостолско патување во Португалија.
Светиот Отец го довери на Пресвета Богородица своето патување и илјадниците млади луѓе со кои ќе се сретне во наредните денови, соопшти Канцеларијата за печат на Светиот Престол.
Четврти светски ден на младите кој го предводи папата Фрањо
Патувањето на Папата од 2 до 6 август започнува во среда кога ќе се упати во Лисабон, каде што се одржува Светскиот ден на млади.
Тоа ќе биде четврти пат папата Фрањо да предводи со глобалниот настан, по Светските денови на млади во Рио де Жанеиро, Бразил (2013), Краков, Полска (2016) и Панама Сити, Панама (2019).
Предвидено е Светиот Отец во сабота на 5 август да го посети и богородичното светилиште Фатима.
Првично 37. Светски ден на младите требаше да се одржи во главниот град на Португалија во 2022 година, но беше одложен поради глобалната пандемија со болеста Ковид-19.
Ватикан њуз/к.мк