Папата Фрањо во пораката Урби ет Орби: Љубовта прави во пустината да процвета надежта
Во целиот свет и целата Црква оддекнува денешната порака на ангелот до жените: „„Не бојте се! Вие Го барате Исуса Назареецот, Распнатиот. Он воскресна, не е овде. Еве го местото каде што беше положен (сп. Матеј 28,5-6). Тоа се зборовите со кои Папата во недела 20 април ја започна традиционалната порака Урби ет Орби.
Папата истакна дека спомнатите зборови се врв на Евангелието и Радосната вест, кој нема споредба: Исус Распнатиот, воскресна! Овој настан е темел на нашата вера и нашата надеж. Христос да не воскренеше христијанството би ја изгубило својата вредност, посланието на Црквата ќе ја изгубеше својата сила, од каде почна и од каде секогаш одново започнува – рече папата Фрањо. „Порака која христијаните ја носат во светот е оваа: Исус, овоплотената љубов, умре на крстот заради нашите гревови, но Бог го воскресна и го направи Господар над живототи смртта. Во Исус Љубовта ја надвладеа омразата, мислордието – гревот, доброто го победи злото, а вистината – лагата; и животот ја победи смртта. Поради тоа на сите им велиме: Дојдете и видете! – рече Светиот Отец.
Во секоја наша состојба обележана со слабост и смрт, Радосната вест не е само збор, туку сведоштво на бесплатна и верна љубов, излегување од себе за да појдеме кон другиот; за да бидеме блиску до оние кои се ранети од животот; тоа значи да се подели со оние во потреба она што им е потребно; тоа значи исто така да се знае да се остане со болните, старите и со луѓето отфрелни од општествтото– рече папата Фрањо и повтори: Дојдете и видете: Љубовта е најсилна; љубовта дарува живот и Љубовта прави во пустината да процвета надежта.
Потоа Папата се обрати со молитва до Воскреснатиот Господ. Помогни ни да те бараме за да би можеле сите да те сретнат и да знаат дека имаме Отец и дека не сме сираци, како и тоа дека ти се поклонуваме и те љубиме. Помогни ни да ја надминеме раната на гладта, продлабочена од судири и претерани трошоци, во кои често и самите учествуваме. Оспособи нѐ да ги заштитиме незаштитените, посебно децата, жените и старите лица, кои понекогаш се средство за отфрленост и напуштеност.
Направи да ги излечиме браќата погодени од епидемијата ебола во Гвинеја, Сиера Леоне и Либерија, како и оние кои се заболени од други болести кои се шират поради нелекување или големо сиромаштво. Утеши ги оние кои денес не се во можност да го прослават Воскресението со своите сакани, бидејќи се неправедно отргнати, како и бројните лица, свештеници и лаици кои се заробени во разни делови од светот.
Утеши ги оние кои ја напуштиле својата земја и се преселиле во места каде можат да се надеваат на подобра иднина, да живеат достојно и слободно да ја исповедуваат својата вера. Те молиме Исусе, прославен, дај да престанат сите војни; секакво непријателство, големо и мало; старо или ново! Те молиме посебно за саканата Сирија, сите кои трпат од последиците на судирот, помогни и да ја добијат потребната хуманитарна помош, а судрените страни повеќе да не се служат со насилство кое сее смрт, посебно меѓу невооружените народи, туку да имаат храброст да преговараат за толку очекуваниот мир.
Исусе, прославен, те молиме да ги утешиш жртвите од братоубиственото насилство во Ирак и да ја подржиш обновената надеж од повторните преговори меѓу Израелците и Палестинците. Те молиме за прекин на судирите во Средноафриканската Република и да престанат терористичките напади во Нигерија и Јужен Судан. Те молиме во Венецуела да започнат со помирување и братска слога.
Во твоето Воскресение, кое оваа година го славиме заедно со Црквите, кои го користат јулијанскиот календар, те молиме да ги просветлиш и поттикнеш мировните напори во Украина, сите вклучени страни, со помош на Меѓународната заедница, да преземат напори за запирања на насилствата и во духот на единство и дијалог да ја планираат идинината на земјата; како наши браќа да можат да кажат: Христос воскресна! За сите народи на Земјата, те молиме Господи: Ти кој ја победи смртта, дарувај ни го својот живот и својот мир.
По молитвата упатена до Воскреснатиот Хрисос, папата Фрањо на сите присутни, како и на сите кои преку директен пренос го следат овој настан, им посака среќен Велигден и на крајот го подели својот апостолски благослов, поздравувајќи ги насобраните со својот вообичаен поздрав.
РВ/го*ко
1658