Папата Фрањо во Европскиот парламент: Европа ризикува да ја изгуби сопствената душа

Европа мора повторно да го открие својот идентитет заснован на христијанските корени, рече папата Фрањо во говорот пред Европскиот парламент на 25 ноември 2014 година. Верата не е само за Европскиот континент наследство на двеилјадогодишна поврзаност, туку и темел за неговиот иден социјален и културен развој. Христијанскиот придонес не ги загрозува секуларните држави туку ги збогатува и ја зајакнува општествената солидарност, истакна Папата пред европските парламентарци.

Европа која повеќе не е отворена за трансцендентната димензија на животот, ризикува полека да ја изгуби сопствената душа и „хуманистичката душа“, предупреди Папата, додавајќи дека Црквата сака активна соработка со европските институции и при тоа да помогне одново да ја исполни постоечката „празнина на идеалите“. Папата посебно го истакна заземањето за човековите права, јакнење на демократијата, заштита на семејствата, заштита на трудот, животната средина и мигрантите.

Денес Европа изгледа стара, уморна и без самодоверба, предупреди Папата и поттикна, моменталната криза да се искористи за поголема соработка на државите. Европа мора да се врати на темелните верувања на основачите на Европската Унија, кои сакале заеднички да работат за да се надминат поделбите и за мир и соработката на сите жители на континентот.

Во првиот говор во срцето на Европа, папата Фрањо ги потсети пратениците во Европскиот парламент на поврзаноста на Европа и христијанството, што не било без конфликти и грешки, но биле водени од желбата на работа за општото добро. Тоа е нашата сегашност и нашата иднина, тоа е нашиот идентитет. Исто така 500 милиони жители на Европската Унија ги поттикна на проблемите во Унијата; како што е економската стагнација, невработеноста, емигрантите, зголемената стапка на сиромаштво и зголемената поларизација – да ги гледаат како на поттик за единство и надминување на стравовите и меѓусебната недоверба.

„Достоинство“, централниот концепт на процесот на обнова кој следеше по Втората светска војна и кој водеше кон европскиот проект и денес е во темелите на Европската Унија, рече Папата, и предупреди дека често концептот за човековите права погрешно се сфаќа или се злоупотребува. Исто така предупреди на тенденцијата дека се гледа на правата на поединецот без оглед на фактот дека секое човечко битие е дел од општествената целина во која неговите или нејзините права и должности се поврзани со правата и должностите на другите и со општото добро на општеството.

Достоинството на човекот е во опасност бидејќи постојат многу ситуации кога кон луѓето се однесуваат како контркала во машинатакои се отфрлаат кога повеќе не се за употреба – кога се слаби, болни или стари, предупреди Папата и ги наведе заборавените стари и децата, како и убивањето на неродените. Зголемувањето на индивидуализмот на крајот води кон осаменост, за која што Папата истакна дека е една од најраширените болести во Европа. Во получасовниот говор во Европскиот парламент папата Фрањо побара заедничка стратегија на државите на Европската Унија за проблемот со бегалците и јужната граница на континентот. „Не смееме да дозволиме Средоземното Море да стане големи гробишта.“ Поглаварот на Католичката Црква посебно се залагаше за правата и заштитата на семејството кое е основна клетка на општеството и негов највреден дел.

За посетата на папата Фрањо на европските институции Европскиот парламент и Советот на Европа владее голем интерес на медиумите. Така се акредитирани околу 900 новинари, фотографи и телевизиски сниматели. На патот кон Стразбур Папата ги поздрави новинарите, велејќи им дека ќе им биде како и обично на располагање на повратниот лет. Папата Фрањо на своето петто меѓународно патување од римскиот аеродром Фиумичино кон аеродромот во Стразбур упати телеграми на шефовите на државите кои ги надлета – Италија, Швајцарија и Франција.

РВ/к.мк/Д.И.

Категорија: Ватикан

За авторот