Папата Фрањо: Вистинската праведност се темели на дијалогот, а не на културата на отфрлање
Обраќајќи се на учесниците на конгресот на Меѓународното здружение за казнено право, папата Фрањо зборуваше за проблемите на човечката правда и ја истакна смислата на праведноста во христијанското гледање на светот.
Казненото право не успеа да се сочува од опасностите кои во нашето време и се закануваат на демократијата – рече папата Фрањо зборувајќи на учесниците на XX Конгрес на Меѓународното здружение за казнено право и истакна два важни аспекти поврзани со „идолопоклонството на пазарот“ и опасностите од казнениот идеализам.
Слабата, ранлива личност e незаштитена пред интересите на пазарот – објасни Папата. Некои економски сектори – како што е истакнато во енцикликата Лаудато си, имаат поголема моќ од самите држави. Прво што правниците денес би требало да се запрашаат е што можат да направат со своето знаење за да ја сузбијат таа појава, која ги става во опасност демократските институции, како и самиот развој на човештвото. (…)
Еден од најголемите актуелни предизвици за казнената наука е надминувањето на идеалистичкото гледање – рече и додаде: Nаметнување на некои санкции не може морално да се оправдат со замислената способност за зајакнување на довербата во нормативниот систем и во очекувањето дека секој поединец презема некоја улога во општеството и дека се однесува во согласност со она што од него се очекува.
Папата исто така потсети на слабото или никакво внимание кон злосторствата на најмоќните посебно кон макро деликвенцијата на големите корпорации. Општиот финансиски капитал во коренот е со тешки злосторства и тоа не само во однос на сопственоста, туку и луѓето и кон животната средина. Станува збор за организиран криминал одговорен меѓу останатото за преголемото задолжување на државите и за крадење на природните богатства на нашата планета.
Казненото право не може да не се интересира за однесувањето во кое доминантната положба се искористува на штетата на заедничкото добро – рече папата Фрањо и објасни дека станува збор за злосторства кои имаат тежина на злосторства против човештвто, кога водат во глад, беда, во принудна миграција и во смрт заради болести кои не можат да се избегнат, во еколошки катастрофи и во етноцид на домородниот народ.
Не смее да остане не казнето секое однесување кое може да се смета за екоцид – истакна потоа Папата и потсети дека неодамна на Синодата за Панамазонското подрачје е предложено утврдување на еколошки грев како делување или пропуст против Бог, ближниот, заедницата и животната средина. Освен тоа, напомена дека се размислува за тоа во Катехизмот на Католичката Црква да се внесе грев против екологијата и упати апел сите надлежни луѓе со својот ангажирање да придонесат за гарантрање на соодветна правна заштита на нашиот заеднички дом.
На стручњаците за казнено право и на сите кои се повикани да ги извршуваат должностите поврзани со примената на казнениот закон, Папата упати силен апел. Како казнено правосудство за да не стане циничен и безличен механизам потребни се сталожени и подготвени луѓе, а најмногу кои се занесени од правосудството, свесни за тешката дoлжност и големата одговорност. Само така секој закон, не само казнениот нема да биде цел самите на себе, туку ќе бидат во служба на инволвираните луѓе без разлика дали се одговорни за кривичното дело или се оштетени.
Потсетувајќи дека правење некое зло не го оправдува наметнувањето друго зло како одговор, папата Фрањо објасни дека станува збор за тоа дека треба да се задоволи правдата во однос на жртвата, а не да се погуби напаѓачот. Во христијанското гледање на светот пример за правда се пронаоѓа во совршеното олицитворение во животот на Исус кој откако беше омаловажуван и подложен на насилство кое го доведе до смрт со своето воскресение ја носи пораката на мирот, простувањето и помирувањето. Тие се вредности кои тешко се постигнуваат, но потребни се за добар живот на сите луѓе – истакна Папата. (…)
Нашите општества се повикани да одат кон моделот на праведноста заснован на дијалогот и средбата – рече Папата, за таму каде што тоа е можно да се обноват врските нарушени со злосторството и да се надомести направената штета. Не верувам дека тоа е утопија, но сигурно е голем предизвик со кој сите треба да се соочиме ако со проблемите во нашиот цивилизиран заеднички живот сакаме да се занимаваме на рационален, мирен и демократски начин – истакна на крајот папата Фрањо.
Ватикан њуз/к.мк