Надбискупот Лучано Суријани е новиот Апостолски нунциј во Македонија

Надбискупот Лучано Суријани е новиот Апостолски нунциј во Македонија

Неговата Светост папа Фрањо во пресрет на празникот на сесловенските апостоли Св. Кирил и Методиj, според јулијанскиот календар, 21 мај 2022 година,   за   нов   Апостолски   Нунциј   во   Македонија   го   именува   Неговата Екселенција Надбискуп ЛУЧАНО СУРИЈАНИ (Luciano Suriani)

Кратка биографија на монс. Лучано Суриани

Лучано Суријани е роден во 1957 година во Атеса, Кјети. За свештеник е ракоположен на 5 август 1981 година. Инкардиниран е во бискупијата Киети-Васто.

Во 1986 година е примен на Папската црковна академија, а во 1990 година докторира по Канонско право на Папскиот универзитет Латеран. Во дипломатската служба на Светиот Престол стапува на 1 јуни 1990 година и работел во Папските дипломатски претставништва во Брегот на Слоновата Коска, Швајцарија, Одделението за односи со државите при Државниот секретаријат и Нунцијатурата во Италија, кога е унапреден во советник. Освен италијански зборува шпански, француски и англиски јазик.

На 22 февруари 2008 година, папата Бенедикт XVI го именува за Апостолски нунциј во Боливија и титуларен надбискуп на Амитерно, а на 26 април 2008 година од кардинал Тарцисио Бертоне е хиротонисан за бискуп. По деветмесечната служба како Апостолски нунциј во Боливија, на 24 септември 2009 година, Суријани е именуван на висока позиција во Државниот секретаријат на Светиот Престол. Како делегат на Папските претставници, тој е одговорен за координирање на работите на дипломатите на Светиот Престол. На 7 декември 2015 година, папата Фрањо го именува за Апостолски нунциј во Србија, а на 13 мај 2022 година, папата Фрањо го именува за нунциј во Бугарија.

Категорија: Вести, Македонија

За авторот