Кардиналот Кох во посета Српската православна црква

Претседателот на Папскиот совет за промоција единството на христијаните, кардиналот Курт Кох е во официјална посета на Србија (25-29 мај). Од екуменска гледна точка,

главниот момент на оваа посета ќе биде посетата на православниот патријарх Иринеј предвидена за 28 мај.

Кардиналот Кох ќе учествува и на меѓународниот екуменски симпозиум под наслов „Една, света, обединета и Апостолска Христова црква“, кој ќе се одржи во големата сала на Православниот богословски факултет при Белградскиот универзитет. На настанот, организиран од страна на Белградската архиепископија и посветен на теологот Ив Конгар, ќе учествуваат православни и католички теолози од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина и Словенија, кои заедно ќе разговараат за различните аспекти поврзани со Екуменскиот дијалог, како и црковниот аспект.

Посетата на кардиналот Кох ќе ги етаблира добрите односи со Српската православна црква

Надбискупот на Белград, монсињор Станислав Хочевар објаснува за агенцијата „Sir“ дека „можноста за реализација на симпозиумот беше гест од големо значење, направен од Православниот богословски факултет“. Архиепископот ги истакнува и „големите напори вложени од српските митрополити во Меѓународната мешана комисија во православно-католичкиот дијалог“. Монсињор Хочевар додава дека „во овој контекст, посетата на кардиналот Кох ќе ги потврди добрите односи кои веќе ги имаме со Српската православна црква“. Освен средби со најважните државни институции, кардиналот Кох ќе ги посети и католичките епископи во Србија, како и епархијата во Суботица.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот