Папата упати телеграма со сочувство по повод смртта на кардинал Агре
Светиот Отец упати телеграма со сочувство по повод смртта на кардинал Бернард Агре, архиепископ од Абиџан во мирување, кој на 9 јуни почина во Париз во 88 година од животот. Во телеграмата Папата ја истакна плодоносната служба на тој пастир од Брегот на Слоновата Коска, кој и служеше на Црквата верно и несебично. Со силното пасторално делување кардинал Агре покажа дека Божјиот човек е занесен во навестувањето на Евангелието, како и за човечкиот и духовниот развој на луѓето – стои во телеграмата на Светиот Отец.
По смртта на кардинал Агре, Кардиналскиот колегиум има 213 кардинала од кои 118 со право на глас.
РВ/го*ко
Категорија:
Ватикан