Папскиот совет за сeмејства организира средба на тема „Нови антрополошки обврски и права на семејствата“

По повод 30-годишнината од Повелбата на Светата Столица за правата на семејствата, Папскиот совет за семејствата организира собир на тема „Нови антрополошки обврски и права на семејствата”, кој ќе се одржи во Рим на 24 октомври. Работите заедно ќе ги отвори претседателот на советот архиепископот Винченцо Паглија.

Секоја теорија за правата – се истакнува во соопштението на Папскиот совет за семејствата – подразбира антрополошко видување, а антропологијата е – како што тврди филозофо Ханс Георг Гадамер – фузија на хоризонтите. Антрополошкото прашање е основа на секоја култура,и темел на општествениот живот и позитивното право. Кризата на нашето време е најмногу „антрополошка криза”,како што постојано повторуваше Иван Павле II, Бенедикт XVI одново истакнуваше, а папата Фрањо повеќе пати повторува уште од првите денови на својот понтификат.

Пред неколку месеци – се потсетува понатаму во соопштението – почина еден од најголемите христијански антрополози, Џулиен Рајс, кој напиша :„Повеќе од два милиони години го набљудуваме растот на нешто што се нарекува хоминзација(…) Растоот на свеста во историјата на човештвото води до раѓањето на големи култури и религии, но ние забележуваме дека човекот по својата појава е симболичен и религиозен. Таа свест е многу важна за нашето време.” – истакна во соопштението во кое потоа се заклучува дека споменатата средба е голема можност за дијалог и раст, и тоа не само црковен, туку исто така, и граѓански и општествен.

Б.У

Категорија: Ватикан

За авторот