Папата упати телеграма со сочувство до кардинал ДиНарди

Папата упати телеграма со сочувство до кардинал ДиНарди

По неодамнешното пустошење на ураганот Харви, кој ги погоди северноамериканските држави Тексас и Лузијана, папата Фрањо преку својот државен секретар, кардинал Пиетро Паролин упати телеграма со сочувство до кардинал Даниел ДиНарди

Светиот Отец љубезно Ве уверува во сигурноста на својата духовна близина, како и за пастирската загриженост за оние кои се погодени од силниот ураган, кој овие денови ги погоди државите Тексас и Лузиијана. Длабоко потресен од трагичната загуба на животи и несогледливата материјална штета, што оваа природна катастрофа ја остави зад себе, Светиот Отец моли за жртвите и нивните семејства; за сите оние кои се ангажираат во спасување на животи и ублажување на последиците, закрепнувањето и обновата. Исто така е уверен дека големата и непосредна потреба на бројните поединци и заедници ќе продолжат да поттикнуваат великодушност во солидарноста и взаемната помош, во склад со најдобрите практики на луѓето. Со тие чувства и со повторено ветување во поглед на своите молитви, Светиот Отец го поделува својот благослов како залог на утеха, сила и мир во Господ.

РВ/к.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот