Папата упати порака со подршка за Црквата во Англија и Велс

Папата Фрањо упати порака со честитки и подршка за Црквата во Англија и Велс по повод Денот за животот, чија цел е да се моли за заштитата на човечкиот живот и подигнување на свеста за неговата вредност во секоја негова фаза.

Денот за животот кој се обележува на 26 јули, годинава е посветен на темата за крајот на човечкиот живот под наслов: „Како, додека е можно, да се чува животот и да се прифати смртта кога ќе дојде?“.

Пораката е упатена до нунцијот во Велика Британија монсињор Антонио Менини, а тој му ја врачи потоа на епископот што е одговорен за целит настан, монсињор Џон Шерингтон, кој по повод пораката истакна дека католиците го негуваат и го слават дарот на животот, но не се виталисти во тврдењето дека животот мора да се сочува по секоја цена.

Крајот на животот е централна тема на Денот на животот, во исчекување на изгласувањето на нацрт законот за потпомогната смрт. Темата се вклопува во контекст со широката кампања за сензибилизирање на општеството, а ја поттикнуваат англиските и велшките епископи. Сето тоа се одвива пред дебатата и гласањето во Долниот дом на Британскиот парламент, за нацрт законот кој се однесува на потпомогната смрт, предвидено за 11 септември. Во текстот од пораката, Светиот Отец на сите кои учествуваат во оваа иницијатива за поттикнување на достоинството на секоја човечка личност им доделува апостолски благослов.

Предлогот кој беше претставен од Роб Марис, цели на можноста на возрасните болни лица во терминална животна фаза да им се овозможи избор на скратување на сопствениот живот со посебна лекарска помош. Ако Долниот дом го одобри споменатиот нацрт закон, лекарите ќе можат на терминално болните пациенти да им вбризнуваат отровни состојки со цел да им помогнат побрзо и полесно да умрат.

РВ/В.Н.

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма на умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк
Категорија: Ватикан

За авторот