Папата – средба со стари и болни лица

Папата – средба со стари и болни лица

После средбата со децата, папата Фрањо се сретна со болните и старите луѓе од парохијата Света Магдалена од Каноси, и им рече дека крстот кој трпеливо го носат е семе за иден живот за оние кои, носејќи го, посредуваат за живот, макар што тие луѓе не ги познаваат – ќе ги запознаат сепак во Небото.

За време на кратката средба со старите луѓе и болните, папата Фрањо се заблагодари за нивниот пречек. Ви благодарам што сте овде; ви ветувам дека за вас ќе се молам. Би сакал едноставно да ви кажам дека болеста е еден крст – вие тоа го знаете – но крстот е семе за живот и носејќи го добро за многумина кои не ги познаваме може да им дардува живот. На кој? Ќе дознаеме во небото.. Ви благодарам што ја носите токму така својата болест.

Близу сум до вас, но ве молам и вас да се молете за мене; Господ да ми даде живот на духот; да ме направи добар; да бидам добар свештеник; за служење на другите. Се доверувам на вашите молитви – рече Светиот Отец на средбата со старите и болните лица, а потоа со нив измоли една „Радувај се Маријо“ и ги благослови.

РВ/к.мк

Не е дозволено преземање на оваа содржина или делови од неа за понатамошно користење во печатена, дигитална или било која друга форма за умножување без писмена дозвола од редакцијата на Католици.мк

Категорија: Ватикан, Вести

За авторот