Папата: Спасението доаѓа од Бога, а не од моќта и парите
Божјото спасение не доаѓа од моќта или парите, ниту од клерикални или политички сојузи, туку од малите и едноставните работи – рече Светиот Отец во проповедта на светата Литургија на 29 февруари во капелата на домот Света Марта.
Спасението доаѓа од едноставното Божјо делување
Денешните литургиски читања зборуваат за грижата: се лути лепрозниот Нееман кој бара Јелисеј да го излекува од лепрата, но прифаќа едноставно оздравување. Се лутат Назаретјаните на Исусовите зборови. Лутината е насочена кон Божјиот план за спасение кој не е според нашиот план, не се совпаѓа со нашето сфаќање за спасение. Исус чувствува „презир“ кон фарисеите кои спасението го бараат во моралната казуистика и во многуте прописи. На нив народот не им верувал – рече Папата додавајќи:
Или садукеите кои спасението го барале во компромисите со световните власти, со царството… едните се клерикални, а другите се политички групи. Народот сè сфаќал и не им верувал, а на Исус му верува затоа што зборувал „како оној кој имал власт“. Зошто тогаш таа лутина? Затоа што мислиме дека спасението треба да дојде од нешто големо, величествено; од моќниците, од парите. Мислиме дека само тоа може да нè спаси. Божјиот план е поинаков! Се лутат оние кои не можат да сфатат дека спасението доаѓа од маленкоста, од едноставноста на Божјите работи – рече папата Фрањо.
Блаженствата и последниот суд се причината за гневот
Кога Исус го предлага патот на спасението не зборува за големите, тука за малите работи. Евангелистот Матеј зборува за два работи во Евангелието: за блаженствата и за последниот суд во 25-та глава: „Дојди со мене затоа што си правел едноставни работи.“ Спасението и надежта не си ги барал во моќта, во сојузите, во преговорите… не… а тоа многумина лути. Ве повикувам, а и јас тоа ќе го направам како подготовка за Пасха да ги читате блаженствата и 25 глава од Евангелието по Матеј и да размислите дали ме лути нешто од тоа, ме вознемирува ли. Гневот пак е луксуз кои можат да си го дозволат фантазерите и горделивите – рече Светиот Отец.
Лудоста на крстот
Папата ја заврши проповедта со зборовите: „Би било добро да земеме малку време – денес, утре – за читање на блаженствата и 25 глава од Евангелието по Матеј и внимателно да следиме што се случува во нашето срце: дали има нешто достојно за грижа и од Бог да молиме милост дека спасението доаѓа од „лудоста на крстот“ односно од понижувањето на Синот Божји – заврши Светиот Отец.
РВ/к.мк